— Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. — Проговори Толе и се ококори како човек кој си ја постигнал целта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Земајќи здив, пред да провери со втората голтка, се ококори и погледна со чудење во Анета: - Нешто ми е познато ова питие.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не беше израдувана од дињчето, веројатно немаше да биде ни од цвеќето, ќе ѝ се ококореа очите само со мирисот на кафето. - Види што донесов - дигна едно рипче за опавче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Мене ли марш? - се ококори Кузе. - Мене ли? Веднаш ќе одам кај командантот, та ќе видиш ти!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сега и Франц се ококори и го изгледа накриво:
- Не признавам, - рече тој.
- Камо ти сведоци оти си ми дал?... Лажеш...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)