Можам искрено да Ви речам, пријателе драг, дека мноштво луѓе (познавачи, љубители, критичари, сликари и др.) со редици доаѓаа и се одушевуваа на она што сте го создале вие.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За Наполеон... За Петар Велики... За руските цркви облеани со злато и за камбаните на кои особено им се одушевуваше.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој се одушевувал од сите настраности на светот а неговиот „кабинет на чуда“ набрзо станал славен во Европа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ја вртеше дланката на сите страни и не престануваше да се одушевува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Внимателно ја набљудував за да откријам дали е сосема искрена, или по малку и се преправа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)