се (зам.) - одрони (гл.)

И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И некое камче ќе се одрони, ќе се истркала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачорот стоеше до трендафилот и го стресуваше снегот од грбот, што се одрона врз него кога скокна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Малата кукла не виде колкави солзи се одронаа од очите на куклата во витрината.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кон земјата што ти се одронила под кожата, под ноктите. ״И смртта наша, на нашиот роден крај се потпира“ - би рекол Лазор Ночески, а ние на смртта секој ден ѝ се доближуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)