се (зам.) - одрече (гл.)

Кој е тој будала од нашите шо ќе се одрече од ваков себап, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на општото добро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Свесно да се кажуваат лаги и истовремено искрено да се верува во нив, да се заборава секој факт што станал непожелен, а потоа, кога ќе биде повторно потребен да се извлече од заборавот за онолку време за колку што е потребно, да се одрекува постоењето на објективната стварност и за сето време да се води сметка за стварноста што се одрекува - сето тоа е неопходно потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нотата понатаму се истакнува дека Француската влада е свесна за сериозните неприлики што можат да настанат со поништувањето на одлуката на Конференцијата на амбасадорите од 6 декември 1922 година, но сепак верува дека таквото решение мора да се донесе, бидејќи се потпира на такви аргументи што не можат да се одречат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се остави да го фатат. А тоа глупаво држење пред судот? Одрече сѐ, и то што е сосема очигледно и не може да се одрече.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Европејците донесуваат навистина нешто ново и убаво, не е разумно да се одречува тоа, но има нешто што не чини и треба да се одрече и осуди, а младиот лесно го прифаќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се одрече од сатаната?“ „Се одреков“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Длабинската екологија им се спротивставува на таквите погледи, бидејќи од нејзината перспектива мораме потполно да се одрекнеме од антропоцентризмот за да креираме форма на општество која ќе биде втемелена врз симбиозата меѓу природата и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некои конзервативци, како оној Џеф од Ири, веќе веруваат дека универзитетите, особено англиските катедри, се тврдини на левичарскиот радикализам; други, пак, одамна ги сомничат високообразовните установи дека ги калапат студентите во екстремистички идеологии, ги наговараат да си се одречат од верското вјерују, ги расипуваат со алкохол и со дрога и ги претвораат во хомосексуалци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, за да се одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива, покорна пред слободата трепетливост на машките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако како полномошник се јавува лице спротивно на одредбите од ЗПП судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката (чл. 81, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако странката му издала на адвокатот полномошно за водење на парничната постапка, а поблиску не ги определила овластувањата во полномошното – адвокатот, врз основа на таквото полномошно, е овластен да ги врши сите дејствија во постапката, а особено: да поднесе тужба, да ја повлече тужбата, да го признае тужбеното барање или да се одрече од тужбеното барање, да склучи порамнување, да поднесе правен лек и да се одрече или откаже од него, од спротивната странка да ги прими досудените трошоци, како и да бара издавање на привремени мерки за обезбедување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од овие со задоволство ќе те помилуваме под услов веднаш со искрено срце и со вистинска вера свечено да се одречеш, да отповикаш и пред нас да ги отфрлиш споменатите заблуди и кривоверства и сите останати заблуди и кривоверства, спротивни на апостолската и католичка црква на начин и во облик што ние ќе ги пропишеме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Инаку, за твојата голема грешка, погубна заблуда и прекршок да не остане сосема неказнета, за во иднина да бидеш повоздржан и за да им бидеш опомена на другите да се воздржат од слични престапи, разгласуваме дека со јавна одлука книгата Дијалози од Галилео Галилеј се забранува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)