се (зам.) - одредува (гл.)

Мнозина му се додворуваа на Боро Селински, небаре тој самиот ќе ги претставува пред Бога и пред св. Петар, небаре тој самиот ќе го држи кантарот на кој ќе се одредува местото во рајот или во пеколот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По живците ми гази: квалитетот на виното зависи од јадењето, вели, без јадење не се одредува неговата вредност.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
САРА: Лошо? Не знам како во ваквите случаи се одредува што е лошо а што не е.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пирамида на положби која се одредува по степенот на свесноста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кој е повеќе за Русија, кој е повеќе за Америка? (Пауза) Да ве немаше вас, не знам тоа како ќе се одредуваше, мајката. Немаше да се знае кој е што. Немаше да има хи-фи. Вака има два.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)