Секогаш беше тешко да се одреди староста на некоја лондонска градба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од заемките за означување простории во куќата, меѓу кои не малку се и во денешна употреба во балканските јазици, Камилски се задржа на: одаја, одаа, со значење соба (од турски oda); чардак, истурен (покриен) преден дел на куќа (најчесто на горниот кат), со отворени бочни страни што по некои куќи се застаклени и со убава глетка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа Камилски се одреди и за терминологијата и на следните зборови: темел, основата на една градба (од турски temel), кој се јавува мошне рано и во писмените текстови и не е исклучено да преминал и директно од грчкиот; кат, спрат (од турски kat); таван, плафон, поткровен простор (од турски tavan).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Требаше уште да се одредат правилата на однесувањето на противниците во двата табори, секој наоружан со свои зборови, кои требаше да се најдат како жртви на првите борбени линии...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Навечер, ќе се слушнеше пукот, ’рскот и ропотно паѓање на дрво на кое далечината не можеше да му се одреди зашто укитот и сулундарите по стреите долго одѕвонуваа во темнината, како да офкаа наместо дрвјата осудени на таква смрт.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Според должината и гласноста на аплаузот се одредува степенот на расположбата на примателите на творечките импулси.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Колку повеќе остануваше на прозорецот, тој можеше сѐ појасно да го открива тоа, а во длабокото претпладне тоа веќе сосема се одреди и се изјасни пред неговиот поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа сметаше дека грабнувањето на двата стола е всушност најмалата казна што можела да ѝ се одреди на кафеаната со оглед на сите вознемирувачки ноќи што ни ги приредуваа гостите на овој локал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со договорот за вработување, односно со колективен договор може да се одредат правата, кои за работниците се поповолни, отколку што ги определува овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)