Но кој мислел, кој можел да верува дека неговиот престој во колибата толку ќе се одолжи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А-а-а и зимиштево, се одолжи, - мрмореше Светлана, кога влегуваше во шупата за дрва.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Сакал да ти каже дека докторот лично му кажал оти заминувањето на вујко ви можело да се одолжи дури и за некој ден“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И во времето што одмина од ланската година кога ѝ ги собраа трите чеда и им нарамија пушки, таа дури сега, за првпат, се опушти, и олесна и единствена желба ѝ е овој миг да потрае, да се одолжи во денови и да се развлече во години.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)