Вие не можевте на подобар начин да му се оддолжите на Бога чувајќи ги овие негови списи, ако се тие свети.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ако гледаме така на трудот и ако искрено сакаме да се оддолжиме пред нашиот народ, тогаш не ќе се извинуваме дека нема почва за културно работење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како може нашата интелигенција да се оддолжи пред нашиот народ за дадените од него жртви?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јана остана да чека пред влезот. Чекањето се оддолжи. Минутите се претвораа во часови.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А јас дојдов да ти се оддолжам, не си ми ги оставила децата на сокак“, без благодарност во очите рече тој.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Човекот Арсо сега е на врвот на своите стремежи, тој се оддолжува на себеси, на тоа што е во него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Кога се женев, ми купи појас и опинци. Со свој овен и со свое вино ги дочести моите гости. Сега како ќе му се оддолжам?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му беше тешко, бараше некого со чиста душа, да му каже сѐ за тестот и за себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Круме Арсов гореше, сега умира далеку и од нас и од Кукулино. Кажи кој го запали.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Господ со моиве раце. Пуштете ме, ќе ви се оддолжам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Замислете го тој добродетел ако бара признание, ако бара за неговата крв сите што ја добиле да му се оддолжат! Тоа веќе не би било добродетелство.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Нѐ има такви што можеме да помогнеме и што помагаме, ама, врти-сучи, сѐ сакаме за тоа да се чуе, да се зборува, да нѐ пофалат, да нѐ величат, па и да ни се оддолжат!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)