Но студиите не му врвеле најдобро; се здружил со тамошни бунтовни младежи и со нашинци работници печалбари, па, наместо да студира, се оддал на политика.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Утре ќе заминам да ја видам Лузија Земанек, да го земам она што е мое а што остана кај неа, и потем ќе се оддадам Богу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Гого го остави домарот да го разбере како што сака, па побрза да се оддаде на подготовките за сликање: чардакот не го фаќаше ни утринско ни вечерно сонце, а цело време беше под една подеднаква дневна светлина, како стокмен токму за сликање, а не за славење, како идеално ателје.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Оваа прича не би била целосна ако не се оддаде дужна слава на неговото Височество.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Подоцна, пред да се оддадам само на трговија со волна, ја купив Билга Планина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)