- На силата треба со сила да се одговори! Само така ќе се ослободиме.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Еден селанец стана и рече: - Во Штип се зборува дека треба да добиеме помош од преку граница - од Бугарија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тоа може да се направи откако ќе се одговори на главните приговори на нашите противници, со кои тие се мачат да покажат дека нема потреба за одделно македонско друштво и дека неговото формирање не е своевремено.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најдоцна за дваесет години, мислеше тој на огромното а обично прашање „Дали животот бил поубав пред Револуцијата отколку што е сега?“ не ќе може повеќе да се одговори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Денес на тоа прашање не е веќе можно да се одговори: реално и субјективно, сум човек, виртуелно и практично, сум машина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според неодамна издадената книга „Коментари за спектакуларното општество“ од Гај Деборд, денес живееме во клима на „општа тајност, лаги на кои не може да им се одговори“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Затоа што Штраус и Момзен го беа впрегнале севкупниот углед на универзитетите во служба на победничката Германија, нивните француски хомолози сметале дека веднаш мора да се одговори.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ах, каков склад меѓу потребата на човекот да си поставува високи идеали и свеста дека мора да се одговори на барањата на ежедневието!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Што можеше на ова да ѝ се одговори?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А тие денови беа денови отпрвин на згроменост, а потоа и на беспаќе, на неспособност да се одговори умно ни на едно прашање.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)