се (зам.) - одвојува (гл.)

Убавината станува таинственост. Површините и цртите се одвојуваат од исклучиво предметната врзаност, се осамостојуваат, најнапред во горчливи игри.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само земјата му се радуваше на Сане Сандин, зошто еден век ја газеше и ја лазеше, од која ни на сон не се одвојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А не се одвојуваа ни вечерта кога полковниците отидоа на спиење: одеа по нив, ги следеа сѐ до конаците надевајќи се дека пак ќе им бидат фрлени коски.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Не е баш така. Цевката води во банчината зграда или се одвојува за неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бојан убаво се облече, ја зеде пушката, од која веќе не се одвојуваше, и излезе во тремот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак, она што најмногу го предомислуваше беше развиорената кадрава косичка на Ева, која ни за момент не се одвојуваше од лулашката.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да ја ебам мама му да ја ебам на турскиот цар! МИХАЈЛО: И на големиот Везир! ЕВТО: И на сета царска Порта! (Се сопнуваат. Скоро паѓаат. Врз ковчегот на Султана. Се смируваат. Пауза. Се одвојуваат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ударите на нивните чекани густо јачеле со безживотност на напукнати ѕвона. Површината околу линијата се ронела парченце по парченце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа доаѓал мигот кога дното на тркалото се одвојувало од закоравеноста со железни лостови, претпазливо, со точна сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)