2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пробувам да се одвикнам, но тешко ми оди. Но, ќе пробам овојпат по обратен ред.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не беше уопште лесно Ѓоко да се одвикне од Мастика и Вињак Рубин и да се пребаци на скупи коњаци и матуриран виски.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Јоле убаво им објаснува на луѓето да се одвикнат од простите презимиња. Презиме ли е Мисајле Прпуш?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Забораваат притоа дека хомосексуалните врски, незагадени од бладањето на религијата под нивното крзно од опосум, сѐ уште си се базираат на оние здрави основи од коишто хетеросексуалците се одвикнаа: бизнис ем плежр.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)