се (зам.) - одбегне (гл.)

Ужасна работа во врска со Двете минути омраза не беше тоа што секој беше должен да земе учество, туку што беше невозможно да се одбегне придружувањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според тоа, и од гледна точка на новите групи кои се подготвуваа да ја заземат власта, еднаквоста меѓу луѓето не беше повеќе идеал што треба да се избори, туку опасност што треба да се одбегне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Правецот во која се одеше беше погрешен, луѓето стануваа мајстори за лажење, како обид за излез користеа секакви можни финти како би се одбегнал пренадуван вакуумски балон...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)