се (зам.) - огласува (гл.)

Птиците, по дневните жештини, ги напуштаат седелките и сенките, првнуваат од житјата, од тревите, од короните на дрвјата, и гласејќи се една на друга, почнуваат да го надлетуваат просторот над Потковицата, вршките на дрвјата, покривите на куќите; жабите се огласуваат од ендеците, вировите и блатата, некоја осамена ѕвезда заискрува на небото, и гората зашумува и ветар повејува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сето тоа во душата на човека налева радосни чувства, но тишината, ох, таа, дебела и напластена, без луѓе, без овчарски свирки и довикувања во гората, без момински одзив преку песни и смеа од градините, од бунарите и чешмите, без думани прав од гојда кои се враќаат од паша по Голем Пат, разбудува помисла за тоа колку многу човек е поводлив, кревок и неотпорен спрема сè она, убаво, што се случува надвор од него, во природата, додека останува беспомошен да влијае на својот сопствен живот - не успева, или не му е дадено, или не му даваат, само да го одреди неговиот ток, па се џари во празно со насолзени очи низ самракот, и му се причинува дека тука некаде, над него и околу него, во воздухот, притаено чукаат срцата на отидените ближни, на самовилите, на легендите и преданијата, на војните и војводите, срцето на животот што беше, што се закоренил некогаш одамна тука и се ископачи, па му иде да отрча на Молитвена Вода, да се плесне пред кладенецот и да нададе глас, не против непревдите што му се сторени лично нему, туку против неправдите што му се сторени и што му се прават воопшто на животот... ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои од нив се на налани, па под нивните нозе се огласува секој час целата клавијатура на нерамната калдрма.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Возовите се огласуваат при секое поминување покрај нашиот двор. Ревносно. Шумно: свират, пуфкаат, татнат: - Фиу-у-у-у... - У-у-у-у... - Пуф-пуф-пуф. - Пуф...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Децата не пропуштаат ниеден од нив, а да не му дадат име. Вреват. Ако. Нека вреват.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Возовите се огласуваат. Прелетуваат крај живата ограда, задишено, важно, силно, победнички.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сам се огласуваше, да ги стопли истинатите души... Кавалот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Децата им извикуваат, ги крштеваат со разни имиња, според тоа веќе како им одекнува во ушите свирењето и пуфкањето на локомотивите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Првин ја издвои на прво место заемката барут, од арапско-персиско потекло (barut) за којашто на Камилски ќе му предложеше да водат посебна дебата, потоа запре на ориентализмите: куршум, куршун, фишек (турски kurşun и fişek); абердарка, топ или пушка со кои се огласува нешто (од арапски и персиски haberdar); боздоган, буздуван (од турски bozdoğan); кундак, дрвениот дел од пушката (турски kundak); топ, топчија, топтана (од турски top, tope, tophane); пусија, заседа (на турски pusu) метериз, окоп, ров, (од персиски neteris); кавга, војна, покрај честа употреба со значење караница (од турски kavga); бајрак, знаме (воено, но и сватовско), од турски bayrak.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од заемките за лицата што вршеле разни воени и цивилни лица функции, Татко се одреди за следните зборови: аскер, војска и војник (од турски asker); бимбашија, заповедник на илјада војници, односно на еден табур (од турски binbаi); борозан, трубач (од турско-персиски borozen); гавазин, стрелец (од арапски kаvаѕ); заптија, стражар (од арапски zaptiye); левент, левен, голем јунак, делија, но и платен војник, наемник (од персиски levend); сејмен, сејменин, стражар, придружник (од персиски ѕе men), сераскер, главен командант (од турски serasker); суварија, коњаник (од персиски ѕvаri) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали во мигот во знак на поздрав се огласуваа метафизичките камбани на минатото, камбаните на невозможното враќање, потонати во морето при големата преселба на дел од мојот народ Арбрешите во јужна Италија, во времето кога Азија ја пристигнуваше Европа?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Како е?“, се јавува пак Коле од под сенката. „Што?“, се огласува оздола Вангел и гласот излегува нејасен, измешан со боботењето на компресорот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И кога понекогаш, сосе машината за пишување излегувам на балконот, раслечен и раскрилен над целиот простор, и додека удирам по некое слово и слушам дали тој удар се огласува подалеку, тие ме гледаат чудно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во присојот, над Заветна се огласуваше кукавицата, низ папратот, низ грмушките чуруликаа невидливи пилци, радувајќи ѝ се на пролетта, разлазени, растрчани по падината блееја јагнињата, а над сето тоа како пленувачка музика, изведувана од огромен оркестар, трепереа ѕвонците, клапките, прапорците. Убавина!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се огласува штамата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ѕвончето им се огласува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Камбаната одеднаш молкна како прекината со куршум; во тишината се огласуваа само петлите, добитокот и шумот на езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мори голема момо, се огласува Влаинката Роса од зад неа, во е то Скопјето!... така ми иде на умот мори чупо! Ами велиш бре мајко Росо?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Којзнае кој ќе ги прави јајцата во пуљките! се огласува Борис Биџов од најкрајниот ќош.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Баба Петра, кутрата, ги подготвила како што треба, се огласува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Младичот извесно време ѝ пишувал од странство, ѝ ветувал убав живот таму, но пишувал сѐ поретко и поретко додека сосема не престанал да се огласува и од дотогашната и од некои нови адреси.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ноќе, го викаат, не е за арно. Сепак, се огласува. Кој си? Што сакаш? И сѐ така, како што е ред на село.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Забележувам како затреперуваат мускулите на нивните образи, а по миг се огласува мачно откината долга, жалосна и тажна воздишка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во ноќта се огласуваше бурата. Грмотевици, па дожд.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)