Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Старата ја отвори вратничката но во тој момент се исправи пред мајка си Толе и му се овргали на Муарема.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Му се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место и се свитка на тревата крај дедот Јована.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Му се овргали јузбашијата и нареди да го кутнат и бијат.' Списка Милан колку грло што го држеше, повеќе за да чујат четниците отколку од болките, но беше веќе доцна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бабата Стаќа се направи да не разбра што бараат, та тивко одговори: — Не се тука машките, ефенди, не се тука, утре ќе си дојдат од колибата, — и сакаше да ја затвори вратата од племната, — но еден што разбираше по нешто македонски ја кладе ногата на прагот, ја задржа вратата и ѝ се овргали на старата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)