Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дојдоа, велеше мајка ми, поитри луѓе, копаа, се обогатија, а татко ми остана и натаму со своите книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не само што се обогатив тргувајќи низ оваа земја, туку јас, се колнам во очите, и ја засакав како ниедна друга.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Точно е дека во минатото многумина се обогатиле со надзор на водата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Имаше во селото и неколку куќи населени со Унгарци, мислеле ќе се обогатат од афионот што тука многу се раѓаше, па се населиле дури од Војводина.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)