се (зам.) - обновува (гл.)

Потем слушавме капки музика. Попусто се плашевме дека ќе испари капката која се обновува од здивот на стопените бакнежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Но во војната кога мажите ги одвеле на фронтовите, немало кој да ги обработува градините со ружи, па тие се оретчиле, а по војната тешко се обновувале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури и по големите потреси и навидум неотповикливите промени, секогаш се обновувал истиот модел, исто како што и жироскопот секогаш се враќа во состојба на рамнотежа, без разлика колку силно ќе биде турнат на една или на друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми се обновуваше во свеста чудесно предочената медитеранска метафора на Албер Ками овековечена во книгата Кралевство и егзил.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од длапките на моите очи сѐ уште зрачеше доволно светлина која се обновуваше низ задржаните солзи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу од овие растенија се саделе и во времето на свети Наум, а низ вековите се обновувале и заменувале со нови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А кога ќе види дека ни се обновува силата, тапанџијата го легнува и своето лице под тапанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ си мислам дека среќата не може да се обновува. Може само несреќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Импулсот за раскажување на страдањето е средишен мотив за наоѓањето на гласот низ, со кој повторно се зема во поседување и се обновува чувството за конкретност на личното искуство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Југославија, со своите делови кои биле под Османската империја (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија), но и под империјата на Австро-Унгарија (Словенија, Хрватска, Војводина), можеби повеќе од било кои делови на Европа и светот, опстануваше во жилава инерција, се метаморфозираше, понекогаш се обновуваа рецидивите на синдромот на јаничаризмот, на невозможните манипулации на монархистичката, републиканската или идеолошко-тоталитарната власт со идентитетот на човекот кој живееше во различна јазична, етничка, верска, идеолошка и друга заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ си оди и сѐ се врти точно како швајцарски часовник, па така светов живее, расте, се обновува, се обединува.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А нам ни ја пресекоја радоста и ни отворија рана, болна, сечена, тешка, отворена рана... рана на срцето и рана на душата, рана што не се гои, и при секое спомнување на рожбата боли, се отвора, се обновува и крвари, гори и пече.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не престануваше да се обновува татковиот асоцијативен систем, толку зајакнат во егзилот, предизвикан од спротивставеноста на судбината на човекот и јагулата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека се обидувам, осмиот месец од оваа година, MCMLXXX достоинствено да го започнам писмово до тебе ја откопчувам душата како елек и шаторот твој го распнувам сосема меѓу вториот и дваесеттиот век резот е доволно длабок и горешт светлината да се прекрши и одбие твојот профил да се обликува појасно макар и ништо да не не објаснува: ни империјата, ни мемоарите ни градот што го подигнав во мислата променлива - еден град повеќе во Елада, љубената ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше и Latio не, ни кованите пекунии со ликот на Антиној, обожаваниот Humanitas Felicitas Libertas ниту твојата библиотека која се обновува лека-полека по светот ниту противниците, не ни жените не ни смртта твоја и на твоите современици и коњот не, и знакот на небото и мачката со боја на пустина, мед и сонце (според описот на Јурсенар) ни патувањата, ни пророштвата не, не, не, во право си кога се сомневаш во смртта, кога му се предаваш на Допирот-Убавината-Сласта како на Смисла зашто, поместувајќи ги границите на крвта, плотта, идејата животот пренесувајќи го од една метафора на друга го одложи толку многу што остана и за нас! ________________________
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Големото семејство продолжуваше да се раслојува и да се обновува во нови мали семејства кои продолжуваа да гравитираат сега околу Мајкиниот дом.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкината љубов никогаш не старееше, таа постојано се обновуваше, од за нас непознати и неоткриени извори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)