- Ако се обвистини тоа, - рече Илко, - ќе се потврди она што го кажуваше мудрецот за моќта на сонот: тој велеше дека пет нешта на светот имаат шеесетинки: огнот медот, саботата, спиењето и сонот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тој проклет сон беше таков... Тој проклет сон се обвистини...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но што вреди што им верував? Што се обвистини од она што пишува во нив?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зашто, само така полесно ќе биде и подобро ќе може целта да се обвистини: ударот да биде ненадеен и силен.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се плашевме додека чунот се доближуваше до границата во езерото да не се обвистини легендата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И вистина, сонот на Богуле се обвистини: се обеси питропот Андро. Се возбуди селото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Што е потивко: да се чека и сонува нешто што го нема и не се знае дали ќе дојде и дали ќе се обвистини и по крајот на сонот или да се исчезне еднаш засекогаш?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)