се (зам.) - насочи (гл.)

Подобро е да се насочиме кон проблемот на различните “интерпретации” кои можат да се изведат од горенаведените “експликации” на “Големото стакло”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го запрашав какви се и против кого се насочени демонстрациите а тој, наместо одговор, зеде поцврсто да го држи воланот зашто сообраќајот толку многу се згусти што, кога се најдовме пред плоштадот на „Сен Лазар“, движењето стана речиси незамисливо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бегај изгоро студена...стопи се под мојата жешка стапка...таа се дими од премора, од триење на мислите...а погледот ми залута, луто се насочи пред очиве ми...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ненадејно мислата му се насочи кон можноста за сожалување, компромис и проштевање, или кон било кој друг сожалителен нагон.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Филозофирање, во однос на животните потреби на другите, со цел да се насочи егоизмот во алтруизам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како да минуваме низ осумдесеттите и деведесеттите, без да се насочиме кон компјутерската и информациската револуција?“ okno.mk | Margina #17-18 [1995] 73
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Змејко беше готов да излезе и да го земе утепаниот волк од под прозорецот, но уште веднаш, штом помисли на тоа, го виде како од зад првата сенка се подава и како почнува да лази кон неговата стреа прво еден друг, а само по еден миг шумата ја напуштаа ползешкум и се насочија право кон неговиот прозорец барем уште десетина такви долгнавести прилики со шилести муцки, безгласни и со подвиткани нозе под себе, многу слични на штуки, кога ќе се гледаат озгора во мочуриштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во неа требаше да се насочат, да се кристализираат, два, според мене, значајни тока: за да се состави клучната телеграма, која требаше да ги покрене механизмите меѓу двете земји во натамошните односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите негови сили се насочени кон тоа да ве изведе на широк пат и да ви даде насока кон вистинскиот, плодотворен живот...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Вие не знаете, мене таа, втората мајка, морав да ја викам мама, секој ден ме тепаше и јас потоа плачев и цела ноќ си мислев што да направам и како да се насочам правилно, за да не ме тепа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакам веднаш да додадам дека во случајов не станува збор за одамна познатите и многу успешно опишани девет кругови на Пеколот, туку за чудни барања пропишани од страна на човековиот ум со кои преку пропишан ред и утврдени правила се насочува однесувањето на поединецот во организираната држава и се одредуваат казни за непридржувањето кон овие правила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мајка сонуваше, со каталогот Ла Ринашенте, семејната галија повторно да се насочи кон Јадранското Море, мечтаејќи за матичната земја на Ла Ринашенте – саканата Италија на својата младост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)