се (зам.) - насмевнува (гл.)

Се испостави дека едниот од нив беше просто мртовченце, дете од некои тринаесет години.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој имаше големи клемпави уши и грозоморно, сѐ до ушите, се насмевнуваше гледајќи го старецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Низ отворите меѓу штиците на сточниот вагон, Јаков ѕиркаше кон небото на кое наеднаш му се стори дека го виде Шабтај, кој оттаму му се насмевнуваше како тогаш, на првата вечер од последната Ханука, како да се сите дел од некој голем и непознат празник што се одвива далеку, на небото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мајка му на Ташко сѐ така се насмевнуваше, ни мавна со рака, си го гушна бебето и се тргна од прозорецот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Неговиот шарен капак како да ѝ се насмевнуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стоевме под натписот, бедни, мали, ништожни и гледавме во чудните, неразбирливи знаци над нас. Филозофот се насмевнуваше спокојно, загатливо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Роско, како да ме разбира, мавташе со опавчето и легнуваше крај моите нозе. Дури по малку како да се насмевнуваше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На грб, со отворени очи кон таванот кој сѐ уште поигрува во приливот на спарувањето, Ана, со топло поточе сперма меѓу нозете, му се насмевнува на својот драг, задишан фудбалер: „кога би ми бил брат... “.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Всушност, Мише дишеше и мирисаше на гулабарник. Ноќе заспиваше милувајќи ги во сонот гулабите, се насмевнуваше среќно и блажено при помислата на нив или срипуваше, вџашен и исплашен, ако во сонот околу гулабите му се врткаа крадци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа, опседнувана на секој чекор од тајни машки желби, веќе знаела што сака тој и ѓаволесто се насмевнувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- За старец, ревел. - За старец, а? А мене ми се насмевнуваше, со очи ми ветуваше дека ќе појдеш со мене во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И рекол дека и без плаќање ќе ѝ ја донесе на грб сета шума од ридиштата на Златица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ревел дека срцето му е раскрвавено, дека е измамен, дека некого ќе задави со голи раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иван и Фезлиев се насмевнуваат и ги враќаат револверите во своите футроли.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега дури му се насмевнува олеснето и пријателски на Младичот.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа е веројатно чиракот од казанџиската работилница, еден жив момок кој понекогаш го сретнуваше и секогаш му се насмевнуваше пријателски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отпрвин ги свиткува веѓите па подозриво се вгледува во мекото од очите на учителот и започнува да се насмевнува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се потпира старицата на дрвен стап, чекори, им се насмевнува на своите мисли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Спокојно се насмевнувам со јасен план во главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само уште еднаш се насмевнува, свртен кон прозорецот и истрпнува, се предава. Од раце ми избегува детето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој може тоа да го погледне, а притоа тивко да не застенка?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наеднаш значајното лице почувствувало дека некој го зграпчил мошне силно за јаката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исполнет со задоволство, тој згора- згора се потсетувал на сите оние весели моменти од поминатата вечер, сите оние зборови што предизвикале кикот кај неголемиот круг; голем број од нив тој дури и ги повторувал полугласно и заклучил дека тие се исто толку смешни, како и претходно, и поради тоа не е чудно што и самиот си се насмевнувал од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одам кај него, а тој ми се насмевнува, како да му носам, на пример, највкусна супа – ах, сега ’ржат и двата коња; изгледа таа бучава настапила по некоја виша наредба за да го олесни овој преглед – и сега констатирам: да, младичот е болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Моето правило на играта беше крајно едноставно, беше убаво, глупаво и тиранско: ако некоја жена би ми се допаднала, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене крај прозорецот, ако нејзиниот одбледок на прозорецот го вкрстува погледот со мојот одблесок на прозорецот, ако мојата насмевка во прозорскиот одблесок го вознемирува или му причинува задоволство или му станува одбојна на оној женски одблесок врз прозорецот, ако Маргарита ме види како ѝ се насмевнувам на Ана а Ана ја наведнува главата за внимателно да може да го испита затворачот на својата црвена чанта, тогаш имаше игра и тогаш беше потполно сеедно дали насмевката ќе биде уважена или возвратена или занемарена, првиот став на обредот и не оди подалеку од тоа, од насмевката што ја лови оној што и ја заслужил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Духовито - бледо се насмевнува мојот shrink.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Спокојно се насмевнувам со јасен план во главата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога во светлоста на пламенот ќе видиш што се криело во одајата ќе станеш и самиот жива светлост, потоа како и пред тоа, ќе си мрак и пепел на својот мрак, ја сфаќа таа за него обична вистина и се насмевнува, мислиш знае што ќе види во одајата кога семоќниот оган ќе ја започне својата игра.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да ги запрам водите, се насмевнуваше потоа осаменоста на Отец Симеон од ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон се насмевнува. А ако сум јас таа порота? Ако сум јас, што тогаш?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледаше молчејќи со огромна возбуда те во татка си, те во мајка си која со огромна нежност и љубов и се насмевнуваше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас се насмевнувам. Нема да останам долго, велам. Ќе си одам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се насмевнуваш, вели. Зошто се смееш? Ми се смееш зашто се грижам за тебе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас постојано те гледав и ти се насмевнував.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не се смееше. Се насмевнуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Талкач – се насмевнува – Не се шегувам, Семи. Мојата цел е патувањето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми се насмевнуваа со некоја нагласена симпатија, заговорнички ме погледнуваа, а притоа настојуваа на некој посебен начин да ми ја изразат својата поданичка покорност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Велеше „да“ во вистинските мигови, се насмевнуваше, но секогаш половина секунда подоцна отколку што тоа се очекуваше од неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тате ќе кимнеше со главата секојпат штом ќе проговорев и се насмевнуваше, лесно плескајќи ме по градите како знак на одобрување.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тогаш ќе го видев Тате како заковува или залемува, секогаш смешкајќи се при работата, и Мама како сета среќна се насмевнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Човекот постојано заскитуваше по некои патишта и предели што само тој ги знаеше и притоа одвреме навреме се насмевнуваше. Густира ама со тажно срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
"Знаеш ли колку е тесен и висок бунаров под бозделот? ", ме прашува тој и се насмевнува, ама знам оти сака да ме изненади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Легнуваме во тревата, меѓу ноќните бубалки – Ти си мојата божица во невернички раце. Се насмевнуваш: - Сега сум во твоите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Поздравувајќи се со отецот, директорката и одделенските раководители му се заблагодарија и се извинија за вревата - Деца си се деца! - а тој воздржано се насмевнуваше со крената десна рака - небаре благословуваа: „Да сте ми здрави и живи! Пак да ми дојдете!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И никого да не примаш в куќи. Ни поштар, ни водоинсталатер. (Кристина се насмевнува.) Се смееш курво една, криеш нешто, ах што ти е интуиција, значи тоа што мирисаш на сперма не е од мене.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Под импресија си на она за што пишува печатот“, вели и му подава „Нова Македонија“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На деветтата страница новинарот Д. Томовски напишал текст со наслов: „На петти февруари сонцето сепак ќе свети“, а подолу, со поситни букви стои: „Некои индиски и малајски религиозни секти прорекоа дека ноќта меѓу 4 и 5 февруари нашата планета ќе престане да постои“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пријателот на Филип Филиповски се насмевнува. „Ништо, ништо не значи тоа.“ Вели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никогаш со полна уста не се насмевнуваше. Братучедите ги посматраше со задоволство.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пелагија, доејќи ја малечката Пелагија само се насмевнуваше и од тој нејзин насмев темникавата одајка стануваше посветла.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Контрашенко се насмевнува и цела чаша вотка ја истура в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цане го држеше динарот и тажно се насмевнуваше. Се чудеше што да прави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)