„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога се насити секој, со децата смеа почна; плапотеше сешто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Оваа, уплашена од Толевото ортомче, мораше да бара средства да го спаси животот, но знаејќи дека кај Толета нема аманзаман, прибегна кон тоа средство најмногу што дејствува кај машките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе, изгледа, му се насити на Ќосото и почна да пребира други мариовки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Дали не се насити Толе со мене и сега сака да не оставе пак на воа црното аро?“ — си помисли таа и му се обеси на вратот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А јас пред лицето Твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твоја...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Со добрите и интересни луѓе постои ист проблем како и со чоколадата - просто не можеш да им се наситиш!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Драги Славејко, дали стана богат и славен, прашував сега јас, потпрен на перницата во одајчето, дали се насити душата твоја со разните бои што таму чекаше да ги има во изобилство, дали твојот мекам за шарење одаи го засакаа тамошните луѓе?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се избистрија и чешмите во селото и луѓето сјурнаа навалица да пијат колку можат и не можат - да се наситат; започнаа фурните по дворовите да чадат, да печат луѓето леб, да јадат, да го заполтат гладот: ги јадеа уште жешки лебовите, уште неостинати; собираа зеленчуци и плодови останати по тињата, ги миеја и ги групкаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)