Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Вие сте духот на logos-от.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога секој ден осамнуваме во сегашноста: ние сме огледалото, низ кое минатото има свој одблесок во кој се насетуваат убавините на иднината!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да, огледалото се нашите сегашни очи, позади кои се крие минатото, но во нишката на погледот на секого се насетува надеж за подобра иднина!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
X Наближуваме кон главниот град. Се насетува медитеранската свежина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сѐ набабрува, буи, и тоа вознемирува. Се насетува доаѓањето на топлото и раскошното.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Потоа се насетуваше неговата реа, мирисот за да те голтне како секавица.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се насетуваа првите пукнатини на биполарниот свет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И интересот за палестинското прашање не беше како некогаш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
4. Меѓусвет: габи
Нивните форми ни сраснуваат за погледот
и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот:
чадорчиња затворени со сласна слузокожа
во бела мека лека обвивка
памучни жизнерадосни белутраци
млечни фереџиња
повлечени, со тек на време
како лажни ветувања
демодирани манири
на постоење;
дволики појави, многуглави ламји
- сенките предвреме да се насетуваат
со флуид на влекачи и глодари
за да биде кошмарна прошетката
да има наезда на невестулки
да има сѐ на претек:
царски ѓубрарки, сончарки
или „кукмарки“ (име за сѐ!)
галапки, пупавки, млечки, рујни рујници
јајчарки со боја на манго
на папаја, јапонско лале или јаболко
летни вргањи распукани како петици
како суводолица
збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Па сепак во собата се насетуваше
она што се вика пладне.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да, жив е тој, тој не умрел, неговата бесмртност до денес се насетува!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)