Со воведувањето на оваа дополнителна обврска за припадниците на судската полиција фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк, зашто останува нејасно како е воопшто можно да се штрајкува, а при тоа да не се нарушува редовното извршување на работата?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во периодот 2010-2014 година преку законите кои претходно не беа анализирани во студијата дојде до следните две поважни намалувања на правата на работниците во однос на остварувањето на правото на штрајк: прво, на припадниците на судската полиција им беше наметната обврска да штрајкуваат на начин на кој, меѓу другото, нема да се нарушува редовното извршување на работата, а со што фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк и, второ, во основните и средните училишта директорите беа овластени, за време на штрајкот, да обезбедат замена на вработените кои штрајкуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
7. Берлинскиот договор вистина е закопан, но не од Европа, а од Бугарија, која го изврши соединувањето со Источна Румелија со насилствен преврат – без согласност на државите што го потпишаа Берлинскиот договор, а со нарушувањето на еден параграф се нарушува и целиот договор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Маалските односи се нарушуваат у два случаја: Прво, ако си заборавил или не си имал време да ја ишишаш травата, а таа пораснала повеќе од 4 инча (десет сантима).
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Да не се нарушува темпото на дишењето!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А, пак, новиот ЗВР/09 содржи четири члена во поглед на остварувањето на правото на штрајк (чл. 118 – чл. 121) Работниците во МВР ова свое право можат да го остваруваат на начин и под услов битно да не се нарушува редовното извршување на внатрешните работи – при што, постои и законска основа за забрана на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)