Жена му се спротивстави: „Ти знаеш - му рече - што што претрпе ќерка ти со еднаш одложена веридба”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бараа до бесвест, до дожд со секоја ноќ, со секое утро, кога тешко се напушта топлата постела.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Постелата беше топла и тешко се напушташе за да појде во неизвесност, за да се остават очи со дотогаш непознат сјај.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Наскоро договоривме ерусин 15. Според обичајот, татко ѝ на Алегра реши помеѓу веридбата и свадбата да протече година дена, иако таа традиција веќе се напушташе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Макар што дедовото семејство се сметаше за едно од најнапредните во гратчето крај Езерото, тешко се напуштаа старите обичаи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кај се напуштала родната земја? Нема поголемо проклетство од тоа својата земја да ја напуштиш, од своите да бидеш прогонуван.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но во секоја нова варијанта на социјализам што се појавуваше од 1900-тата наваму, целта за воспоставување слобода и еднаквост меѓу луѓето сѐ поотворено се напушташе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)