Се напрегнува Антуш Крстин да ја најде вистината од многуте претпоставки на гласовите што се над него и во него, во неговата крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И згора на сѐ, нашиот вујко се гордее со она што го напишал за нас - Додека ги кажува овие непотребни обвинувања Виктор се напрегнува да го имитира изговорот на братот на нашата мајка, она нагласено шупливо шепотење но само во понекој од зборовите, а на крајот на реченицата обврзното поткашлување, како кај вујко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не можеше да разбере што пеат, ништо не можеше да разбере, и колку да се напрегнуваше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еднаш, кога беше сосема изморен од таа игра, во која постојано се напрегнуваше да смири некого само со своето присуство, тој помисли дека секој од нив останува да си биде само она, што си е, и дека тука никој никогаш не ќе може да измени ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш бевме распеани, првпат пијани и се напрегнувавме кој прв ќе ја заведе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)