Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И нигде на планината не можеле да најдат трага од неговите големи стапалки, и ако нашле не ќе се излажале - ногата на тој изрод не можела да застане ни во детска колепка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да појдеш на извор
зад девет младости
и девет премрежја
да се напоиш и внесеш во него
бистер и озарен
да се вратиш при мене
и да ме гледаш
сѐ додека не протечеш дробно
по мојава планина
песу мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Години-гадинки минаа
куќата откако ми ја зазедовте
тихум, но корка леб ко на срце
се најадовте, се напоивте
од лазење пожолтевте
карактерот си го изостривте
ни од крстот уплашени
ни од ѓаволот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па и откако ќе ја пресече душманот сакам таа да лежи во оваа земја што се напои овие дни со толку маченичка крв.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)