Се напинам, се напинам со сета сила, но енергијата ми останува некаде во мене, некаде во стомакот, некаде во некој празен простор во желудникот, таа тамо лебди како пердушка и нема во себе никаква тежина со која ќе налегне за да потисне нагоре енергија која ќе ми го поткрене јазикот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
На сликите од слетот, што ги донесуваше весникот, тој ја бараше неа да ја познае меѓу публиката, тој се напинаше да прочита од нив колкава напаст ја застрашува и премислуваше нели е најдобро да појде самиот таму и да ја предупреди.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како олово да имам на нозете. Колку повеќе се напинам да бегам толку повеќе нозете ми тежат и од место не можам да ги мрднам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Секој си зеде на нишан по еден и - чекаше. Градите се напинаа до распукнување. Не може веќе да се издржи...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се напиња, се грчи невиното во крошните, како невидливите жилички на семенката дури ја пробиваат земјата за да излезат на виделина.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)