се (зам.) - наоѓа (гл.)

Имателот на предметот се ослободува од одговорноста ако докаже дека штетата произлегува од некоја причина што се наоѓала надвор од предметот, а чие дејство не можело да се предвиди, ниту да се избегне или отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во уводот, на една прошетка по старо Скопје, до Старото кале на кое се наоѓа црквата „Свети Спас“, писателот ја открива својата намера: „Тука, среде црквата, во ореов сандак, нарежан на шари, лежи еден војвода“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Регистарот се наоѓа во седумдесет и осмата соба, на третиот подземен кат, на рафтот прицврстен за водоводната цевка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Денес е убав летен ден. Во селото во кое се наоѓа нашата бригада има многу овоштарници со круши и јаболка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така во следната слика го наоѓаме Константин З. како плива по новиот базен на штипската бања Кежовица, борејќи се со обновеното чувство на покајување што дошол во оваа паланка и во оваа бања, обидувајќи се да го избегне подгледнувањето кон дното на новиот базен, на кое се наоѓаат големи правоаголни мермерни плочи издлабени со стотици аглести знаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По дијагоналата се наоѓа ангелот молејќи се смирено и бело.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Толку ми треба некоја мала утеха во оваа безизелзност во која се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред него се наоѓаше непријател кој имаше намера да го убие: пред него, исто така, беше едно човечко суштество, во болка и можеби со скршена коска.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Главно се наоѓаше во состојба на распаѓање - посебно ѕидовите беа во лоша состојба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го наслути. Стои во бел мантил пред здрвените пралуѓе и им објаснува без грч во гласот и во ликот каков е, кој е, каде се наоѓа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Исто така, токму во тоа време во Софија се печатеше и драмата на М.Цепенков, а во репертоарот на Театралната трупа на Чернодрински се наоѓаа и драмските текстови на А.Страшимиров и Д.Хаџидинев.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нараторот -автор (на чудесната книга) без срце -книга, ќе си тргне од Стамбол, каде во тој миг се наоѓа, кон татковината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа им ги познаваше неекспресивните лица и зачуваните дланки и точно ја имаше увидено нивната висина и ширина во однос на висината и ширината на собата во која се наоѓаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овој одговор на момчето се наоѓа во основата на целата лажна длабочина што им била припишувана на Рошфуко, Ла Бужи, Макијавели и Кампанела.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттаму Вујовиќ си го поставува прашањето: зошто вработени во ССМ, кога се наоѓаат пред судски спор против него, немаат право на услугите што ги нуди правната служба на истиот, а сепак своите должности во однос на членарината редовно си ги подмируваат?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова место, во чија непосредна близина се распростираат букурештанските езера, се наоѓа домот на печатот „Скантеа“ - една огромна зграда, која се идига на повеќе од петнаесетина ката, со четири помошни , на кубиња поствени, згради.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нивна господарка и, додека се наоѓате во падините на моиве бели пазуви, ваша!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А од десното наше крило веќе ми го нема митралезот, не го слушам. „Крило е дел од фронтот на борбениот ред од единицата што се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот на фронтот.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во ситуацијата во која се наоѓала Велика Британија по започнувањето на европскиот судир во 1939 година не било ниту малку чудно што нејзините дипломатски претставници и агенти на Балканот на секој можен начин настојувале да изнајдат начини да активираат одредени личности, политички партии и организации за тие да му се спротивстават на нацифашистичкото напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постојат и холивудските студија... само што најголем дел од нив воопшто не се наоѓа во Холивуд: Ворнер Брос и Дизни се во Бурбанк, Сони е во Калвер Сити, Јуниверзал е во Норт Холивуд, Фокс е во Сенчури Сити...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Сите лоши сили кои се наоѓаат околу нас бегаат далеку од лукот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Покрај другите неправди со кои се товари приведениот, се придодава уште една: го опкружуваат со надгледувачи со единствена цел да ја нагласат понижувачката улога во која се наоѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Темната комора се наоѓаше веднаш покрај купатилото кое сите го користевме - тие две простории дури беа и поврзани со обоен прозорец и, од внатре, можеше да се слушне како Били се поместува внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гладна ли е жена кога се наоѓа покрај таков 'рслан што ја голта со очите, а таа сака што побргу да ја проголта и да не се освести веќе сама без него?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И во добротворните кујни (имаретите), кои обично се наоѓале покрај поголемите џамии, а во кои се добивала бесплатна храна и преноќиште често престојувале и христијани со подеднаков третман како и муслиманите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговото оддалечување е силно опнување на нишка што се наоѓа длабоко закопана во срцето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се наоѓа во близина на Делфи, на Пелопонез, Грција.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа суштество на гравурата, кое се наоѓа во мигот на својата загледаност во небиднината, има крилја, но не е ангел; таа жена е алегорија на меланхолијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Куќата од коџобашијата40) се наоѓаше на крајот од селото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се наоѓам во една невидена и нечуена глетка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да не одеме повеќе таму? - А каде ќе се наоѓаме? - Не знам, и тоа не знам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Помеѓу нив се, меѓу останатите, и економистот Милтон Фридмен (Milton Friedman) и писателот Виљем Бакли (William F. Buckley, Jr.), исто како и бившите и сегашни политичари, како што се се градоначалникот на Балтимор (Baltimore) Курт Смок (Kurt Schmoke), бившиот државен канцелар Џорџ Шулц (George Shultz) и федералниот судија Роберт Свит (Robert Sweet).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој сакал со разговорот да избега од она што видел и од она што му се јавувало како визија помеѓу распливнатите жолти очи и паднатите тешки кадри на косата. Суво збивтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во која се наоѓаше меѓу мудрите белобради претци, кои читајќи од боите на далгата дали ќе превладее лозјето, тревите или житото, си ги потврдуваа претчувствата во појавата на божествениот лач.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А ние, од бачило што се наоѓаше тука, грабнавме овнови алчно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Црквичката која се наоѓаше до езерцето не беше обична.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ напомнав каде се наоѓаме и дека на ова место не прилега да се изведуваат егзибиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Копирањето“ на основната машинска инструкција во процесорот се состои во суптилно реорганизирање на неговите електронски кола што доведува до промена на состојбата во која се наоѓа машината така да го одразува значењето на инструкцијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Архетипската димензија на романот е препознатлива и во контекстот на преиспитување на одредниците зло/добро, кое Башевски го постигнува со постојаното одбегнување на веќе освоените знаења, со поместувањето на точката на посматрање од еден на друг нараторски глас, со неможноста да се установи каде се наоѓа вистината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јавниот простор и јавното себство: Арент за јавната слобода „Агонистичкиот“ модел на јавниот простор се наоѓа во самиот центар и на политичката теорија на Хана Арент.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Селото знаеш дека се наоѓа во Малешевската планина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Па ние! До нашата куќа се наоѓа планина.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога телото се движи или мирува, околу него како невидлива светлина го грее обвивката на неговата духовност – продолжи да зборува старецот. – Таму се наоѓаат сите негови доблести и негативности кои ја наградуваат неговата телесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По ова време веројатно е пуста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во Ерусалим се наоѓале светите остатоци од времето на Исус!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Разбрав од моите познати дека овие гробишта се наоѓаат во парискиот реон Клиши, на еден од јазлите, каде што Париз се врзува со „Булеварот на перифериите“ а од каде што се одделуваат автострадите на сите правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега тој панично ги затвори очите, како така, со стегнати капаци, со грч околу усните, да се обидуваше да види некоја друга слика освен онаа во која се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во тој момент Винстон се сети каде се наоѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Богомилството за прв пат се појавува во југозападна Македонија во X век во времето кога на чело на Цариградската патријаршија се наоѓал Теофилакт (933-956).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прво не знаеше кај се наоѓа, но потем, речиси истовремено, ја препозна куќата и го препозна и Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Знаеш ли Винстоне, каде се наоѓаш?“ рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Говорејќи на неговиот јазик, но со многу грешки, му објасни дека задоцнил на аудицијата, дека древното африканско племе ја освоило салата и дека се наоѓа во земја во која е смртен грев неумеењето да се одигра ритуалниот танц во чест на владетелот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во непосредна близина, долу на патот, на нецели петнаесет минути пешачење, на Јужниот булевар и автопатот Еурека, се наоѓаше гипсено малтерисаната бензинска станица, со светликави црвени пумпи, каде што работеше нејзиниот братучед Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со Дарко обично се наоѓаа во Кабаре Златно славејче. Ноќниот клуб беше голема визба со неколку соби и еден дрвен шанк.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога ништо не е во ред, а не се крева малиот прст ситуацијата да се поправи и во тоа дури и се наоѓа задоволство.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од спротивната страна на оваа кафеана се наоѓа познатата кафеана „Геј Лисак“, од која е украден мароканскиот револуционер Бен Барка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На мало растојание од мостето се наоѓаше старата селска воденица изградена од камења со нијанси на сивкаста боја.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И времето запира, се наоѓам тука и сега.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но сочуствителноста којашто ми е толку многу својствена чини морници да ми џуркаат по `рбетот во темето, поради грозомората во која се наоѓаат оние кои се останати надвор од црвените предели на животот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
До големата одаја се наоѓаше ателјето или работната просторија, пространа, светла, онакво какво што треба да биде едно сликарско ателје.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Инженерот ме однесе до крајот на салата каде што, потпрена на ѕидот, се наоѓаше една слика, висока околу два метри, на која беше нацртана кула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За тоа време, патниците се врткаа, пушеа или се правеа дека читаат весници.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Според нив, музиката е прекумерно поедноставување на ситуацијата во која се наоѓаме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Угоре, тоа е истата улица што води кон ридот со лозја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сега, забележувам, веќе се наоѓаме при крајот на долгиот ходник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да мируеш значи да останеш во истото место (спрема средината каде што се наоѓаш.”
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Дојди, Рози.“ Со кутијата в раце, Милан почна да оди по песочната патека преку градината накај малата куќарка за пилиња, што се потпираше на кокошарникот, кој се наоѓаше во задниот дел на имотот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се наоѓаме други Се прегрнуваме Од таа страна осои небидницата. Изеди се ѝ нарачуваме Не се враќаме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тој во времето на поминатите негови години во Србија се наоѓал под влијание на цел ред околности што отсуствуваат во Бугарија и затоа неговите погледи се разликуваат од погледите на оние што се образуваа само во Бугарија и се слободни од цел ред преземени мисли и предрасуди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од самиот почеток Били имаше некој вел со кој го криеше сето она што таму се случуваше - чудни фаци влегуваа и прашува: „Дали Били е тука?“, а јас им покажував кон заднината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Молчев. Поточно бев изненаден, но не од прашањето на Зрновски, туку од чудната ситуација во која се наоѓав: наеднаш открив дека сум седнат на еден од столовите во приемната на Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тука се наоѓа и Институтот за историја на словенските јазици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така, на 3 јануари 1941 година, агентите на ДХ42 го известуваат СО2 дека „Иван Михајлов, кој сега се наоѓа во Унгарија, стапи во контакт со мене, со сугестија дека тој ќе одреди неофицијален претставник во Лондон за да ја известува Британската влада за македонското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како и во секоја темнина, се наоѓаа и неканети гости кои крадеа од највкусните вина за потоа да ги препродаваат на белосветските пазари.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Пред да се вслушам во шепотењето таа врата не ја бев забележал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јасновитката ја пречека како сѐ да знае и ѝ рече дека син ѝ е здрав и прав и дека се наоѓа далеку, преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Значи расположбата во која се наоѓам во овој момент ја претставува онаа утринска прошетка на гасеници и полжави по штотуку оросените стебленца и младите лисја!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа следниот ден излезе пак да го чека истоименикот, но сега не седна на талпата пред продавницата туку на еден камен веднаш зад аголот пред уличката во којашто се наоѓаше неговата куќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јасно го гледаше само генералот со лицето залепено со хартија, што се наоѓаше на капакот од табакерата на Петрович.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И дали навистина можам да си претпоставам кој од нас двајцава има право да смета дека се наоѓа на вистинската страна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мина преку средсело и сврте во уличката каде што, како што му кажа мутулавата, требаше да се наоѓа влезот на куќата на Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако пак ве интересира каде се наоѓаме, еве да ви кажеме: во кошарата на Ќендра.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
56. Бидејќи овие зборови им се упатени на членовите на МНЛД и на интелигенцијата надвор од Македонија, каде што постоеја извесни услови за слободен развиток на македонската национална научна мисла, тие имаат оправдување, но не можат во целост да се однесуваат и за македонската интелигенција што се наоѓаше во земјата, па ни за онаа во соседните монархии, зашто не постоеја ни елементарни услови за таква дејност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во карпата се наоѓаа неколку големи пештери.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ели, секако, не разбираше ништо од сето ова, а јас погледнав неколку пати кон гробот каде што, како што рече татко ми, се наоѓаше нашата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За миг ѝ се стори дека се наоѓа над езеро полно со лотоси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Играа тројцата пријатели покер со смирена гордост, во тишина, небаре се наоѓаа на последното бојно поле на кое можеше да се брани и спаси честа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ниту еднаш не ми се јави; ниту пак јас му се јавив, оти и не знаев каде се наоѓа со циркусот, оти и не сум можела, оти циркусот е подвижен центар на светот, како што рече и самиот, оној ден, кога дојде повторно назад.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Езерската шир изгледа уште покристална, додека ја сечат клуновите на кајаците едноседи, двоседи и четвороседи. Како да се наоѓаме на некој полинезиски остров.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Читателот не знае дека во телото на ламбата се наоѓаат две мали камери.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И навистина, сето значење на Хегел, сета негова бесмртна актуелност, се наоѓа во неговата логика, во логиката што Хегел ја издигна до степенот на дијалектика, и која е единствен клуч за разбирање на принципот за „самокритиката“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во неговата средина, зголемен од заоблената површина, се наоѓаше некаков чуден, розов, извиткан предмет, кој потсетуваше на роза, или на анемона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По правило, бановите беа репрезентативни фигури без некаков авторитет, тие го преставуваа само кралот, а не и народот.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако исправата се наоѓа кај државен орган или орган на државната управа или кај правно или физичко лице кое врши јавни овластувања, а самата странка не може да издејствува исправата да се предаде или покаже – судот, по предлог на странката, ќе ја прибави оваа исправа (чл. 217, ст. 1 и 3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А можеби неговиот поглед се беше нафатил да измери уште колку чекори му претстојат до нашата куќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Охриѓани доброволно му се потчиниле, но не успеал да ја заземе тврдината во која се наоѓале византиските војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Штом се минат плоешките извори, веќе оддалеку се назираат првите височински на Карпатите, на чии падини се наоѓа планинското летувалиште Синаја, познато од порано како резиденција на романскиот крал Карол.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уставниот суд на РМ ја укина одредбата којашто, поради техничка грешка, пропуст или, пак, правничко незнаење, се наоѓаше во оваа законска одредба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И длетото тоне, и длетото ја истенчува преградата зад која се наоѓа злиот молох.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рада стана заложник. Беше пленик оставен, но надгледуван во магепсаниот круг на пеколот. Ѝ остана само малку сила која ја трошеше во размислата како да се извлече од стегата во која се наоѓаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека јас не можам да сфатам што е тоа може да предизвикува потсмев во друштвото во кое се наоѓам, луминозноста на мојата стварност како да секна за еден кус миг во кој нешто се случи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во гастрономските листи на цариградските султани се наоѓале имињата на најдобрите јадења од четирите страни на империјата, се мешале зборови и вкусови на јадењата на Ерменци, Грци, Черкези, Евреи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се наоѓа како во какофоничен хор, се збираа ноќни вресоци на подивени птици и животни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но Мајка, за разлика од него, лесно се наоѓаше и пред и зад историјата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На крај градот се наоѓаше пространа и голема куќа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од Стамбул телеграфираат во разни европски новини (Standard) оти англиската и француската средоземна флота добиле повела да се наоѓаат блиску до македонските води.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но кога ја донесе таа одлука, се наоѓаше во едно гратче во Висконсин од каде тој ден никој не патуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Моментно заборавив дека се наоѓам в црква и, изморен, уживав занесен во мелодиите на Лист.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во моментот кога секој испитаник ќе седне и ќе почне да го разгледува часописот се вклучува ламба на масата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој звук што ќе го направеше Винстон, над нивото на сосем тивок шепот, беше фаќан од него; згора на тоа, сѐ додека се наоѓаше во видното поле што го контролираше металната плоча, тој можеше да биде виден и чуен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уличката водеше до главната улица, а долу кај следниот свијок, ни пет минути од тука, се наоѓаше старинарницата во која ја купи празната тетратка што сега беше негов дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можев да ги видам помамувачките ливчиња на семејното стебло, од макроскопската материја па сѐ до квантниот вакуум, пресметувајќи точно што се наоѓа помеѓу тие две сфери на време.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само за големците не беше така. Тие ја имаа таа специјална продавница во која се наоѓаше тоа што за нас обичните луѓе ни на сон го немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едниот играч бара од другиот да пронајде збор име на град, на река, на држава или царство накратко, некој збор што се наоѓа на шарената и замрсена површина од картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во овој град на Меза постои стара црква од петнаесеттиот век, но затоа пак во Лиеж, во црквата „Сан Бартелеми“, се наоѓа казан за крштевање, изработен од дванаесеттиот век од мајстори во Уј, кој по својата уметничка вредност, како што пишува во книгата, се споредува со многузначајните дела од времето на италијанската ренесанса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пријдов до вратата, но не до онаа зад која се наоѓаше бушавата глава на стражарот туку до другана, зад закачалката, на која до пред малку висеше ременот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се наоѓаше во средината на густо церје.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така, првата директна претстава за него ми ја откри неговиот соборец, повеќе со перо, отколку со меч, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, но не во Картагина туку во Струга, во Македонија, на бреговите на Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зајакот не е во грмушките, зајакот стои среде друмот, а за она што се наоѓа зад капињакот остави времето само да го побара и да го открие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во искрена доверба, и покрај позицијата во која се наоѓаше, за разлика од „оперативецот” Х.Х., другите анонимни водичи, тој навистина имаше поголема власт и тоа го покажуваше во односите со луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Спокојно, лека полека, како во расказите на Чехов во Јалта во кои задолжително се наоѓа и некое кутре а се изговара и по некој француски збор.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се наоѓаше во Златната земја, или седеше меѓу огромни, славни урнатини облеани во сонце, со мајка му, со Џулија, со О'Брајан - не правеше ништо, едноставно седеше на сонцето, и разговараше за спокојни работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За некаква сопротива, ми се чини, ни збор не може да стане.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да се буди од смрт го чешаше целото тело, кога ќе излезеше од некоја состојба во која подолго време се наоѓал себеси: неподвижен мир од долго и тешко заборавање без осет за некакво течење, ток или поврзаност на нештата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По извесно време почна да ѝ снемува пари и таа реши да застане во првиот следен град, да најде работа и така да го проживее остатокот од својот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најмногу ме измачува тоа што не можам да се сталожам, да ги сфатам положбата и состојбата, бардото во кое се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сепак, за творец на хепенингот се смета Алан Капров, еден од уметниците кои учествуваа во работата на Кејџовата класа во New School For Social Research (1958...).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колку тешко се наоѓаат вистински зборови кога си во дијалог со болката и со нејзините резони. – Станува збор за такви околности кога ни се чини дека секој може да згреши - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Цитирам од поглавје два: „Во природата нема тело, коешто апсолутно би мируело. Да се движиш значи да го менуеш своето место спрема средината каде што се наоѓаш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но, во тоа не се наоѓаше никаква смисла, а тоа беше она, без кое тој ниеднаш не можел да започне ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој знае каде што се наоѓа во темнината, секој предмет може да го фати со непогрешлива сигурност таму каде што си стои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога сѐ ќе биде готово, ние со полковникот ќе излеземе на мократа зелена ливада, ќе ги собереме од тревата шаховските фигури и ќе ги распоредиме врз таблата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 81 илустрација: VALERO DOVAL “)))ƚ))ƚ ƥƪƟ)ƚ” 82 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мојот соговорник ми го сврте вниманието уште на една многукатница, во близина, која како што рече, се наоѓа во банкарскиот центар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во некоја населба која се наоѓа на местото на некој Аеродром.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Западната наука сѐ до денес се наоѓа на сериозни искушенија да биде што пообјективна штитејќи ги експериментите од секое субјективно корумпирање од страна на гледачот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред крајот на 67. добивме известување дека зградата во која се наоѓаше нашата Фектори за неколку месеци ќе биде урната.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
5. Броевите кои се наоѓаат позади комуникациите го означуваат приоритетот и важноста од нивното уништување: (1) - комуникации од првостепена важност, (2), (3) и (4) - второстепена важност и третостепена важност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Без да биде свесна дека сама си се лекува од состојбата во која се наоѓаше, таа ќе стануваше и постојано беше зафатена со непотребни секојдневни работи во куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се наоѓам во новиот пратенички состав во собранието на Македонија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А одамна веќе знаев дека стрвоста што наеднаш ќе ја обземеше не водеше сметка каде и на кој начин ќе ја изрази својата жед. Ја потсетив каде се наоѓаме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Втор објект по височина е камбанаријата на православната црква Свети Ѓорги која се наоѓа во самиот центар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најпопуларниот вид на халуциногена печурка што се наоѓа во Британија, е Liberti Cup, која вирее во периодот од Септември до Ноември.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Среде линеарно пишуваниот код т.е. абецедата, од неодамна се наоѓаат туѓинци т.е. знаци кои по својата структура не се линеарни.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во долината на Радика се наоѓа и манастирот Свети Јован Бигорски, културно - историски споменик од XIV век, со чудесен иконостас во резба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По часот една нејзина другарка ми пријде и праша: дали можеби кај мене се наоѓа пајакот, брошот на Луција. Одговорив дека не. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Боцевите другари се збираат да се поразговараат за настаните, што со секој ден напираат сѐ понови и потревожни, и се мачат да ги подведат најновите известија под боговдохновените предвидувања на Откровение Јоаново, да узнаат по тие знаци на кое место се наоѓаме по патот на апокалипсата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури не можам да се сетам ни каде се наоѓав; (веројатно во некој од походите по планините, помеѓу две борби); а и верзиите што ги слушнав за денот на погребот не се совпаѓаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во Картагина, во која се наоѓаа речиси сите резиденции и амбасади, а на еден рид беше извишена големата резиденција на американската амбасада, дејствуваа амбасадорите и нивните советници како на свет во мало, во кој беа силно изразени и тогашните делби во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На сите тие книги се наоѓаше мојата фотографија и името и презимето, како и по неколку збора за моето херојство.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И најсериозно се прашував: како може да се случи да сум овде, кај Зрновски, кога знам дека седам во аголот на нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се наоѓаат во кафешантан, прегрнуваат девојки, во рајски градини се.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Единствената работа, што ја носеше тврдоглаво со себе, беше неговата долга француска пушка, која секогаш би била нешто лесно за носење, но сега тој многу често се наоѓаше себеси како веќе ја посегнал раката да ја соне од себе и да ја зафрли некаде во тоа модрило и еднаш да се спаси од крвавото жулење на нејзиниот ремен во рамото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во библиотеката се наоѓаше јадрото на семејната тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во паузите меѓу ритмот, гласовите однадвор наликуваа на ѕвецкање прибор и чукнување чаши на тој ист конак на кој, изгледа, некогаш се наоѓав и каде што, заради зачмаеност, секој посилен звук можеше да предизвика необјасниво големо возбудување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од пропагандите во кои служи ќе треба да бара слобода да се наоѓа во постојано општење со интелигенцијата и општеството од другите пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто, додека го бараат во кујната, Зоки се наоѓа во спалната.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Среде во Софија се наоѓаше централниот затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога странката која е повикана да ја поднесе исправата одрекува дека исправата се наоѓа кај неа, судот може заради утврдување на овој факт да изведува докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не отиде право кон сретселото туку заврти одозгора па се спушти по уличката во која се наоѓаше куќата на Едо селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Напоредно со размислувањата за овие грди појави наеднаш се замислувам во улогата на потпалувач на печка во студена соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На дното на „Фридрих штрасе“ се наоѓа железничката станица, која води за Западен Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Главата ѝ е наведната, и би паднала на градите, да не е потпрена на раката стегната во тупаница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите беа постари и полека се движеа по полутемниот двор како да се слики од сон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие вистински му недостигаа на пејзажот на денешната чаршија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се наоѓаме во најсјајното десетлетие на европскиот маниризам!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со него тие и другпат се наоѓале, и дедо Геро ги познаваше сите по име.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Поетот застанат спроти македонскиот јазик како да се наоѓа пред неосвоивата тврдина во времето: кога ќе си помисли дека ги отворил нејзините порти – се покажале други, трети...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Македонските наречја имаат пак свои оригинални особини, а бидејќи се наоѓаат во соседство со Србите се признаваат пак за не чисти од србизми.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше зборот секоја вечер да се наоѓаме таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки“ центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува: — Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Докторовата ординација се наоѓаше во Скарсдејл, во неговата куќа во кафено-бел лажен тјудор стил и опкружена со дабови стари колку крајслерот на мојот дедо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
До заклучувањето на главната расправа, под опишаните услови, покрај тужителот може да пристапи нов тужител или тужбата може да биде проширена на нов тужен – со негова согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но таа има пат што води низ пештери кон водената кула која се наоѓа на брегот од реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако излезеше да се прошета крај куќарките на аргатите и чифчиите кои работеа на сегашниот имот од Петрета, одеше со кренат камшик, небаре мутесарифот Мехмед Фаик-паша дошол на обиколка, и на сите им се обраќаше со „Господот наш Исус Христос да ни е на помош”, божем не знае каде се наоѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„ Каде се наоѓала црквата Свети Мартин?“, праша Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го прегазив потокот. Качувањето по ридот зад кој се наоѓаше дружината со своите запреги беше тешко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од луѓе не можеш да се разминеш. Како да се наоѓаш во некоја пчелина кошница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се наоѓаше во Златната земја и ја следеше патеката низ старото изгризено до корен пасиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во најголем број случаи се меша со прилично нештетни супстанции, иако повремено се наоѓаат и доста токсични материи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
МЛАДИЧОТ: И немам. Јас дури не сум сигурен ни дека тој се наоѓа во престолнинава.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури сега забележуваме дека тука се наоѓаат уште неколку празни шишиња.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тегот за хартија беше собата во која се наоѓаше тој, а коралот беа животните на Џулија и неговиот, фиксирани во некој вид вечност во срцето на кристалот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, си рекол сам со себе Силјан, дали на Крушово се наоѓам овде и го гледам нашето поле?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А тие ги исполниле улиците, особено оние во центарот, околу Домот на културата, во кои се продавниците и дуќаните, и оние, во кои се наоѓаат огромните варшавски стоковни куќи, во авенијата спроти Домот, каде што се наоѓа и најпознатиот картел на стоковните куќи „Центрум“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доста се предаде на душата на Илка, а тој си ја зеде грижата да ја однесе дома и направи од неа домаќинка „каква в село не се наоѓа".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Куршумли-ан беше некогашен само карван сарај и тој, како постар од доаѓањето на Турците, ги примаше дотогаш само карваните со занаетчиска и трговска стока, а бидејќи во негова близина се наоѓаа колари, амџии, самарџии и јажари, тука беше многу погодно да им се дадат разни услуги на патниците и да се изврши размена на изморените коњи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За време на граѓанската Понтјите беа пребегнати во Лерин, а во нивните куќи беа се сместиле членовите на таканаречената привремена демократска влада на Грција, која беше формирана во декември 1947 во преспанското село Асамати што се наоѓа во Република Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
5. Во секоја етапа на неговото затвореништво знаеше, или му се чинеше дека знае, каде приближно се наоѓа зградата без прозорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Елена повторно беше испратена службено во градот, каде што се наоѓаше болницата во која се лекуваше Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму се наоѓаме, таму се договараме, таму создаваме или се подготвуваме за творечка пенетрација во светот на уметноста“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе одам да прашам кај Дуковица Вендиоска. Да не ѝ се наоѓа. Викам по Дуковица. Не се одзива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таквата тенденција претставува една политичко-економска операција под закрилата на медицинската пракса.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, тој случај бил повод гемиџиите посериозно да помислат околу персоналот, зашто, бидејќи берберницата се наоѓала во француското маало, во неа почесто наминувале странци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Во тешка положба се наоѓаме, — рече, длабоко издишувајќи се, Гарванов и се налакти на десниот лакт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај обете половини, независно едно од друго, но исто толку силно, бликна сознанието дека се наоѓа на богато хранилиште на искуства, под кое нивното поранешно, заедничко искуство неосетно заминуваше во маглите на заборавот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Секој ден повторно проштеваме, за пеколот во кој се наоѓаме, го вртиме и другиот образ, со нашата труд и мака, ѓаволот го гоштеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Брзо ја испразнивме гимназијата што се наоѓаше близу болницата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Требаше да извадам илјада денари од банката која се наоѓаше на двесте метри после Епинал.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се наоѓам каде што сакам. Секаде и никаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чекориме речиси рамо до рамо со спроводникот кого за прв пат го гледам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Обидот на Ламби да воспостави радиоконтакт со Бари завршил безуспешно бидејќи опремата можела да се употреби само неколку минути без движење и бидејќи се наоѓале во област со многу густа шума.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Даниел гледаше во машината за нивелирање на Алек, која беше тивка и неподвижна и се наоѓаше на работ од теренот, преку кој веќе беа скицирани седумнаесет рампи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се наоѓам на таа убиствена, злокобна крстосница.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Проблемот е ургентен зашто дивата депонија се наоѓа непосредно до магистралниот пат кон граничниот премин Деве Баир, кој Бугарија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во твоите очи се наоѓа сиот свет, таму сум јас кога светот ми се руши....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Претставникот, кој сега е во Женева, е образован човек, по професија адвокат, кој зборува добро англиски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но има уште нешто. Зошто е, на пример, схемата Борхес-Џојс-Борхес? Зошто повторување?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаеше сигурно дека продолжува да оди по онаа линија, по која што веднаш тука, под снегот, се наоѓаше нивниот пат за Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се наоѓав во една рибарска колиба, некои жени и мажи ми ја мачкаа раната со смрдливи масла, а едно момче на моја возраст, во рацете држеше два остри заба и ми ги покажуваше со смеење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само едно: дека треба да се наоѓаме на пристојна раздалеченост од објектот за да можеме да се залагаме за вистинитоста на она што го тврдиме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш тој се наоѓал во Стразбур, каде што два настани оставија на него голем впечаток: средбата со Хердер и погледот врз катедралата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За волја на вистината, тоа беше Струмица од којашто на авторот „срцето му се раскажуваше“ поради љубовната авантура со една „азган“ распуштеница со која соголените задници им беа направени касапана од лутите летни комарци некаде на ледините таму каде што сега во Скопје се наоѓа населбата Аеродром.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Височината ја договоривме со владата, не сакаат никакви изненадувања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да го земеме за пример веќе спомнатиот расказ Ноќта спроти Св. Никола, кој не случајно се наоѓа на почетокот од книгава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега пак случајот го издигнал за литературен јазик на Бугарите источното бугарско наречје што се наоѓа на крајната спротивна страна од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Судот наложи Марковски да се врати не на истото работно место на кое се наоѓаше пред неоснованиот отказ, туку „на работно место соодветно за неговата стручна подготовка“ – ССП, како и да му ги обезбеди другите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе поминете на полноќ крај палатата што се наоѓа на центарот од езерово, тропајте колку што можете посилно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Лозјето му се наоѓа меѓу најгорните, под самата планина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во неговите очи немаше солзи; имаше некој студен гнев, некаква мразна страст, некаква помиреност со судбината и со состојбата во која се наоѓаше светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесов­ме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
— Токо сега? — тука Крчо ги крена веѓите за да ѝ покаже на Тода нешто што го интересува, а се наоѓа над неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога се вели: прекрасен си ти Господе и чудесни се делата твои, тоа е така речено затоа што секоја плот, твар и ствар е во својот род совршена, и затоа што секоја се наоѓа во тесна врска со другите створови и сотворена е за извесна неопходна цел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И додека формалните контроли настапуваат релативно отворено, во подрачјето на неформалната контрола се наоѓаат, на пример, сите оние можности со кои успешно се служи стопанската реклама. Модерните психо-техники, меѓу другото. 52 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во источната одаја на нашиот храм, како што веќе ви кажав, се наоѓаше записот за кој се веруваше дека го дава пророштвото за царството за илјада години нанапред во времето и дека записот ја открива причината за проклетството фрлено врз царството и најдробрите колена негови, оти болести и поразии нѐ напаѓаа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ало, дали сте вие Рада? Рада потврди, а соговорникот продолжи: - Знаете, во оставинската постапка која се наоѓа во судов, вие сте наведени како единствен наследник на Јана Попова.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Тоа е, дошло, ќе се трае", си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дома доживуваме научнофантастична инвазија: Вселенскиот брод се сместува во дневната соба и се наметнува чувството дека се наоѓате на виртуелно патување низ вселената.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури најдов за потребно два-три пати да потчукнам со железцата на петите по калдрмата на Стара чаршија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат и ридовите над Холивуд, на коишто се наоѓаат вилите на славните актери - кои во меѓувреме или починале или пак се иселиле на Бел Ер или Беверли Хилс или Малибу, така што сега туристите се ѕверат во раскошни куќи во коишто живеат адвокати, пластични хирурзи и некогашни офицери на иранскиот шах Реза Пахлави.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Учените, аристократијата, интелигенцијата и воопшто општествените класи, каде што се имаат лични интереси, стари традиции и предубедувања, се борат со новите течења, каде што се наоѓаат вистината и правината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работата беше во тоа што и на двете судења, тројцата признаа дека на тој датум се наоѓале на територијата на Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше ни најмала претстава колку долго спиела, ниту на кое место во светот се наоѓа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овие записи, во својата почетна форма, се наоѓале во главата на авторот уште од неговото раѓање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во тоа време речиси сите реонски раководители, коишто повеќе или помалку биле компромитирани пред властите, се наоѓале во планините.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сѐ паметеше, сѐ, иако сето тоа беше сега под дебел слој вар, куполата на црквата беше урната и израмнета со покривот, олтарската преграда тргната, а врз црквата се наоѓаше минаре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Честит Шабтај - велеше моќниот глас на некого што се наоѓаше, чиниш, зад самиот прозорец – подготви се!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одот ѝ оставаше впечаток на помиреност со ситуацијата во која се наоѓавме и тоа подоцна сакав да го проверам, да го прочитам во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тогашен Тунис, во кој завршуваше владеењето на еден од основачите на неврзаноста Хабиб Бургиба, но кој никогаш не ја прикриваше својата апсолутна приврзаност кон САД (крај работниот стол ја имаше сликата на тогашниот претседател на САД Роланд Реган, покрај онаа на Мандес Франс), новиот претседател Бен Али, по историската поддршка на раководството на Југославија, всушност ја добиваше и поддршката на неврзаните, која овие земји бездруго му ја должеа на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гемиџиите, што се наоѓале во Велес, очекувале дека ќе остане извесна количина динамит, за да можат и тие да направат нешто во Велес и во Скопје, но попусто.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На пример, ако таа влегува во собата каде е главната хероина, девојката слуша шум и г-ѓата Денверс се наоѓа тука, секогаш тука, не мрдајќи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа се наоѓа на највисокиот кат од зградата во која живеат баба и дедо, веднаш до нивниот стан.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа е мојата гаранција дека ти никогаш не ќе смееш да постигнеш на мене, та дури ни во вид на еден од оние твои фамозни куршуми што се наоѓаат таму каде што не им е местото.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На полпат кон западниот ѕид, се наоѓаше влезот кон херметички затворената визба, и Даниел се сети на нешто со што ќе ја развесели својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум.  Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Киро е“ -заклучи Бојан. Со него Бојан често се наоѓаше на Рамни Ливади, каде организираа борби на бикови, кочови или, пак, се натпреваруваа во галопирање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што ова го заклучив така увидов дека високото друштво во кое се наоѓам не ми се потсмева мене туку на едни таму некаде во далечината.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во тие денови не едно од децата туку ќе се штрекне среде ноќ, туку ќе скокне од креветот, зар мислите се виѓаваше во каква жалосна состојба се наоѓа, - просто го тера нешто и тој летајќи излегува од спалната. Птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Турците не можеа да го разберат барањето на Бургиба кој дојде во 1968 година во приватна посета за да ги однесе самиот посмртните останки на Ханибал, верувајќи во својот неприкосновен меѓународен авторитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се приближуваа кон оревот кога одеднаш Шишман подзастана: - Абе, - рече длабоко и зборот зататни како да се наоѓаат во некоја голема бочва.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Редуцирањето на базичните услови оди дотаму, што им се укинува и водата за пиење и за миење, па така цел погон е приморан да полни вода од единствената оставена чешма, која се наоѓа во РЕ Енергана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На аголот пред него се наоѓаше автобуска станица.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секогаш се наоѓаа нови будали што чекаа да бидат заведени од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа знаеше дека тој се наоѓа пред најзначајната одлука во животот, по онаа ноќ кога реши, сите заедно, да ја минеме границата на Езерото и, засекогаш, да станеме емигранти на животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во чантата се наоѓаше книгата, што беше кај него веќе шест дена, но тој ја немаше отворено, дури ни погледнато.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На 6 јануари 1941 година, истиот агент истакнал дека добил потврда на информацијата дека Михајлов бил во Полска од 1934 година па сè до германската окупација, а од тогаш се наоѓал во Унгарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во подножјето почнуваше рамницата што во продолжение на езерото навлегуваше нагоре чиниш длабоко под планината и натаму до оној издолжен рид што ја прекинува и зад кој се наоѓа неговата Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќелиите во кои стражарите го претепуваа се наоѓаа под површината на земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така на пример супстанцата во која е содржана суштината на човековиот дух се наоѓа во еден столб што допира до темето, горе, се спушта по 'рбетот надолу и кај коренот на гениталиите свртува нагоре до стомакот некаде зад папокот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Директно, спроти пумпата, се наоѓаше „Потковица Авто Двор“, сопственост на Сам Сенд, со мали куќички што се граничеа со „Нахрани го стомакот“, сопственост на Бланш Рид, гостилница каде што сѐ уште се служат сендвичи со топол пржен стек, за само педесет центи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој веројатно само утврдуваше каде се наоѓа; или ја проверуваше точноста на оценката што ја дал пред малку за мојата местоположба?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Помеѓу првата рампа и кулата се наоѓаше детското игралиште, нивелирано ниво како ливада, и овде двајца мажи работеа копајќи дупки, веројатно за темели за вртелешка, лулашка, лизгалка и друга опрема.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се рабира, немаше толку да ѝ попуштам, да не се наоѓав во незгода.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не беше повеќе во тесниот бел коридор на Министерството на љубовта, се наоѓаше во еден огромен, осветлен од сонцето пасаж, еден километар широк низ кој одеше, како што му се чинеше, во делириум предизвикан од дрога.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се чувствуваше преморен. Не му беше јасно зошто се наоѓа на подот во фитнес-клубот во четири часот наутро.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Извишено се наоѓам на средината меѓу нив и како божем играм, пејам, се веселам, толку сум среќен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќето од напишаното ја опишуваше состојбата во која се наоѓала кога е примена. Овде, во болницата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потребно е сјајот на неговиот бисер, заробен во тврда лушпа на школката, која пак се наоѓа на дното на длабокиот океан на животот, да допре и да се спои со сјајот на ѕвездите кои се наоѓаат во бесконечно далечниот космос за да се почувствува животот вистински – ја заврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беа укинати и интерните акции (дефинирани како акции кои се издаваат со попуст и кои не може да се наоѓаат во промет на пазарот на хартии од вредност), а кои можеа да ги купат работниците вработени во претпријатието, пензионираните лица и лицата кои претходно биле вработени најмалку две години во тоа претпријатие, други домашни физички лица и организациите за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 1a, ЗДК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Неговиот проект прикажува дванаесет иконокластички моменти на модерната и современа уметност, почнувајќи од цртежот „Erased de Kooning“ (1953) на Rauschenberg до поновите катастрофи како што се деструкцијата на сликата „Далеку од јатото“ (1994) на Damien Hirst од страна на Mark Bridg- er и проголтувањето на скулптурата (1989) на Robert Gober од страна на Ed Brzezinski.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
КРАЛУПИ, тоа е еден од поголемите индустриски центри во Чешка, се наоѓа близу до Прага, на околу триесетина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се наоѓаше некаде во квартот со потемнети ќумези, северно и источно од она што некогаш беше подземната станица Свети Панкрас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку години подоцна Лангтон покажал дека еден систем може да изврши најсложени пресметки доколку се наоѓа на границата меѓу редот и нередот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Дрвца се наоѓаат, жено, и се садат, а пак сестра не се наоѓа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На падините се наоѓаат населбите Водно, Пржино, Жданец, Долно Нерези.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Маргина сѐ уште се соочува со многу субјективни слабости, но, пред сѐ, со една објективно тотално депримирачка ситуација во која се наоѓа македонското издаваштво.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Долу, под наши очи течеа бледомодрикавите или жолтозеленикавите води на реката, а ние како да се наоѓавме на катарката на бродот кој пловеше во времето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ослободена од натрупаната негативна енергија, се враќаше од јодната бања, природниот благодет кој се наоѓаше во овој бачки град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најзадоволни беа кога ќе се најдеа во окопите кога не можеа да се надогледаат на ридот спроти нив зад кој се наоѓаше нивната Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Освен коњската главата со зобник, што се наоѓаше над влезот, и фактот дека храната навистина беше добра, гостилницата на Бланш беше дел од гостилниците што се наоѓаа на автопатиштата ширум континентот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Услужуваше поп Танаско од Сапотница. Се наоѓаше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Асоцијативни тези: - и по петнаесет столетија Стоби е осамено и мисли на сопствениот расцвет; -носталгијата се зголемува пред свеста дека минатото не се враќа туку се обновува во нови форми; -човекот, Стоби, човекот; -барајќи ја одново втората половина на дваесеттиот век се наоѓаме во состојба во којашто се измешани старото и новото време; -мртвите жители на Стоби се билките и тагата, урнатините што ги прават убави и живи; - Стоби живее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Како секогаш свежа изгореница”, би можело да се каже, ја чувствуваше Пандалф Вулкански - можеби би згрешиле ако кажеме: госпожа Сенка; подобро: нејзиното отсуство, како едно меурче на кожата, во кое, како во кугла, се наоѓаат секакви: Левенхуковите човечиња, Зевсовиот дожд, а богами и: вирусите, тројанските коњи, логичните бомби и црвите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие дури ги знаеја насловите на татковите книги што се наоѓаа кај Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Винстон го знаеше човекот од видување, иако не знаеше ништо повеќе за него освен дека се наоѓа на некоја значајна функција во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И американската разузнавачка служба ОСС и британската СОЕ планирале разни активности со кои би го промениле текот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нормално, тоа што беше внатре не можеше да се нарече мозок, бидејќи да имаше мозок, јагнето сигурно немаше да се наоѓа во ваква состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Селото Капештица го зазедоа Грците и нѐ напаѓаа со мали сили, додека со главните сили се втурнаа по џадето што води кон селото Смрдеш, кое се наоѓа од таа страна на границата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тука е - ни рече човекот кого, ризикувајќи да не облее излив на навреди и пцости, го замоливме да не одведе до местото каде се наоѓа масовната гробница во која почиваат според едни 704, според други 1000 борци на ДАГ. – Тука е – покажа со натажено лице и со очите сподавени во солзи. Не прозбори повеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ми се чини дека сешто се случува во времето на соништата “констатирала Мис Стон мислејќи веројатно на својата судбина но и на положбата во која тие се наоѓаат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Генералот на оваа положба се наоѓа 12 години, по успешниот воен пуч против претходниот Генерал.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тука се наоѓало селото Горно Водно, точно тука било сретсело со чешма со шест шопури, а над неа голем чинар... селото го нема, чинарот го нема, од шесте шопури не тече вода, ама останало местото да се вика - Шесте чешми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кај луѓето во егзил брзо во свеста проработува системот на асоцијации, заедно со обземеност од интуиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А се наоѓале неколку човечки боја под земјата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, простете ми, не сум сосема сигурна што од ова е речено а што е плод на моето вообразување, но од ваквите гледања на нештата, како и од заклучоците што можат да се извлечат од нив, можам само да се оградам (се разбира од ова место каде што се наоѓам сега и од кое за жал пораките нигде не втасуваат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оти, се случува птицата, кога ќе падне во стапица, да се задржи во неа само со едно нокте, па во тој случај не ѝ помагаат нејзе ниту силните крилја, ниту тоа што целата, освен ноктето се наоѓа надвор од мрежата, па така станува плен на ловецот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На дворот, т.е. околу султанот и околу него насобра едночудо јаничари Срби, меѓу кои се наоѓаше и Мариовецот Ангеле – Арслан Сирме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во честарот, спружен на својата сива сакма, потпрен на десната рака, со кусата манлихера во левата, лежеше навален возрасен човек, на триесет до триесет и пет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите се свртени кон југоисток, а пред секоја порта се наоѓаат купишта стражари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кланицата се наоѓаше недалеку од градот, на брегот на реката, меѓу острите спили на кои беше изградено Калето и стените на ридот отспротива, на кои мноштво белоглави орли, мамени од мршите, ги градеа гнездата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ученичка сум во ОУ „Кирил и Методиј“ што се наоѓа во близина на една од црните точки во градот, раскрсницата кај Народна и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“. Молам да објасните што значи три степени на вонредни мерки?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летувалиштето до скоро беше од затворен тип, а сега отворено за сите граѓани, макар што во него тешко се наоѓаа слободни места без врски од некој посебен или стар вид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во црквата Свети Вид, градена во разни стилови, се наоѓа саркофагот на Карло Велики, творецот на модерна Чешка, а во криптата се и гробовите на неговите четири жени. Сето тоа е внесено длабоко под земја, во темелите на црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се наоѓа на средината на улицата, во близина на Палатата на правдата.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наместо консензус, Муф се залага за радикално демократскиот модел на „агонистички плурализам“, каде што сите антагонизми може да се изразат, а улогата на односите на моќ во општеството е препознаена, заедно со секогаш присутната можност за антагонизам. 3.2.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Целото придвижување на денешната психијатрија, епитемизирано во DSM-III прирачникот кој е преведен на осумнаесет светски јазици, е во тоа што таа ширум светот го пропагира лишувањето на човекот од неговите цивилни слободи, од неговиот хабеас корпус; плус насилна хемикализација, заточување на луѓето, примена на електрошокови и мачења што не предизвикуваат телесни повреди, а сето тоа со цел да се хомогенизираат луѓето што не се наоѓаат „на линија“. 60 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Којзнае: од местото каде што се наоѓа, не е исклучено да може да ја метаморфозира земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XX На бреговите на Охридското Езеро се наоѓаа вратите кои требаше да ги отварам во текот на мојот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го ставија во ќелија слична на оваа во која се наоѓаше сега, но ужасно нечиста и во секое време претрупана со по десет до петнаесет луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најверојатно им изгледаше како сомнителен криминалец затоа што на десетина метра од него се наоѓаше банкоматот од Апашка банка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа повторно ги отвори очите и кога сфати дека сликата е иста, го погледна старецот со очај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бенвениста ја плати јасновитката иако не знаеше зошто така ја нарекуваат кога нејзе судбината на Рафаил ѝ стана поматна, та излегувајќи на кошавата која Севишниот ја беше пратил за да ги расчисти маглите кренати над устието што тие денови го гушеа Белград, првпат се свести дека залудно губи време во надежи и очекувања и во фантазии што не ѝ допуштија да го види она што вистински го има, синот Јехуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
небото над Македонија наеднаш стана матно и исчадено како чаден свински бут а кајшто небото е матно и работите се матни и луѓето стануваат матни: под матно небо тешко се наоѓа некој за асолни нови планови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Па тие се господари на ситуацијата.  Го трие челото исправајќи ги новите, виенски гравири на кожата и мислата му талка низ прикрајоците на градот, онаму каде што до неодамна се наоѓаше старата некропола.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Добро, добро – попушти Дедо Мраз штом виде дека пречканицава со налудничавково не води никаде – биди што сакаш, викај се како сакаш, па и Нероден Петко, само кажи ми едно: каде се наоѓаме и што се случува со нас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сѐ ѝ беше измешано во нејзината глава, за која не беше сигурна од тешкото вино - каде вистински се наоѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа прикладност се шири дури и кон фактот дека тие текстови се наоѓаат вон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред влезот на секое гратче се наоѓаше неизбежната бензинска станица, со црвени, сини или жолти пумпи, а можеби и мотел, а потоа доаѓаше самото гратче, со продавници на двете страни од патот, а можеби и сива стара црква изградена многу одамна, и по неа следува, сега анахронично бочно припиени со челик што не ’ргосува, ресторан и продавница за автоделови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Целото претпладне го поминаа во ливадата чувствувајќи како да се наоѓаат во некое осамено рајско катче недостапно за очите на луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Истовремено, за да ја смири својата совест, се обидуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, можеби ќе дојде и како олеснување за Марија, заради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И како што одиме, сѐ повеќе се наоѓам и јас крива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да работеше и таа во Одделот за документација можеше да биде релативно поедноставно, но тој имаше само мошне нејасна претстава за приближното место во зградата во кое се наоѓаше Одделот за проза, а немаше никаква причина за да отиде таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Точно е“, рече тој, “тврдењето на Јохан Барт, во еден негов патопис од 1858, дека во времето кога тој минувал низ Маказар, Никола Поцо се наоѓал во Цариград.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нека се запрашаме кои од јаболката во купот се наоѓаат под најголем притисок.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие сметале дека пропаѓањето на занаетчиството и трговијата, чифлигарството и ограбувањето на селаните, со еден збор сите неволји од било каков карактер, се должат на фактот дека земјата се наоѓала под османското владеење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За гемиџиите, во случајов исклучиво важна била визбата на берберницата, којашто се наоѓа на 1,5 метри под рамништето на улицата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговата литература нѐ потсетува дека мистеријата не се наоѓа во детективските трилери и хорор-филмовите туку во навидум секојдневното и вообичаеното.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сеќавав некаква одвратност спрема ревењето и неподвижноста во која се наоѓаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Замислете, ве молам. Кога тврдина се наоѓа во положба на опсада, тогаш не ги повикуваат на гости драгите познаници.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сето тоа и не мораше да ѝ го кажува на Митра, по миризбите што ѝ удрија во носот, сфати на какво место се наоѓа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се наоѓаше повторно во Министерството на љубовта, каде сѐ му беше простено, со душа бела како снег.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако ме запрашате: „Зошто сакате да работите во Холивуд?“,
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стоката ни се наоѓа во царинарница. Дојдете утре и ќе бидете услужени“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неадекватна за местото во кое моментално се наоѓав).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
1. Не знаеше каде се наоѓа. Претпоставуваше дека е во Министерстото на љубовта; но немаше начин да го провери тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што се однесува до мене нема потреба да одлучувам, мислам дека имам одлучено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прво, тргна кон Судот, па се врати, продолжувајќи кон дома, небаре се наоѓаше пред дилемата: должностите или семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, најважниот услов за успех ќе биде изборот на уредник за ваков владин орган.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше вистинско мајсторство да се владее како Татко со тишината особено во барабанските, заглушувачки времиња, кога на меандрите на тишината се наоѓаше вистинскиот збор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ракијата ти го земала умот, та не знаеш каде се наоѓаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше потврдил и дека има свратувано во гостилницата, која се наоѓа на влезот од селото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се загледав во парченцето ткаенина што во тој миг се наоѓаше меѓу нејзините прстиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Жена ми е пушката малихерка, а деца ми се дробните фишеци...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На самиот врв на пирамидата се наоѓа Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наоѓаше во средината на некаква голема празна рамнина, една рамна пустелија натопена со сончева светлина, преку која сите звуци допираа до него како од огромна далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Садовите во кои се наоѓа храната не се на оган или на маса туку стојат на стебла, од земја растат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ма, што ти стана побогу, од каде тој силен напад на кашлица, кога речиси ништо немаше ставено в уста, а и како ќе имаш кога се наоѓаме в музеј?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имателот на опасен предмет што му го доверил на лице кое не е оспособено или не е овластено да ракува со него, одговара за штетата што ќе произлезе од тој предмет (чл. 162, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Каде и да се наоѓа, додека спие или е буден, додека работи или одмора, в бања или в кревет, тој може да биде надгледуван без предупредување и без да знае дека е надгледуван.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше убав поглед на Вардар. Станот се наоѓаше на поткровје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас не верувам дека ова е сосема точно, бидејќи семејството на Никола секако се погрижило да му најде пристојно место, ако ништо друго, кај нивните семејни гробишта што се наоѓаат десно од влезната порта на гробиштата, на она мало возвишение.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие се преправаа, можеби дури и веруваа, дека дошле на власт без своја волја и за ограничено време и дека тука некаде зад првиот агол, се наоѓа рајот во кој човечките суштества ќе бидат слободни и еднакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За ваквото гледање на двата случаи веројатно придонесуваше и чудната композиција на возот што татнеше низ мојата глава, а во таа композиција вагонот што го претставуваше случајот на Загорка Пеперутката го гледав сместен до оној во кој се наоѓаше исчезнувањето на братучедот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас сум овде во пределот на црвената боја на животот, далеку, недопирливо далеку од онаа студена и сива гасовита состојба во која се наоѓа човештвото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Свети Мартин? Се наоѓа на плоштадот Победа, покрај уметничката галерија. Уште постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но врз мене сѐ уште лежеше парче темница во која Круме Арсов се преобрази во жив факел што со искинати писоци се врти во круг, паѓа на коленици и пак станува, и трча кон ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку понатаму, во истиот квартал, двајца млади луѓе, засолнати во една куќа што се наоѓа покрај германското училиште, беа опседнати од полицијата и војската, врз кои фрлаа многу бомби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговата ќелија може да се наоѓа некаде во срцето на зградата, или на некој од надворешните ѕидови; може да е десет ката под земја, или триесет ката над земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако се наоѓаше три или четири метри далеку од него, можеше да види дека кафезот е поделен по должината во два оддела, и дека во секој од нив има по едно суштество. Тоа беа стаорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За Танаско и Пена и за нивните неколку деца никој како да не знаеше, а што е најчудно не само што не препознаа никого од оние што им отвораа врати, туку им се причини дека не се наоѓаат меѓу свое племе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така, како дојде татко ми на помислата дека Чанга со козите се наоѓа во Калето, не беше тешко да се открие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Детето ги грабна парите и отрча да се пофали дека добило пари.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јавната сфера игра улога на посредник помеѓу општеството и државата, во кој јавноста се организира како носител на јавното мислење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
БОЖО: Што ти е тебе нејасно? Се наоѓаме во противречна ситуација.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Оваа бела пријатна светлина во која се наоѓам никогаш не би ја напуштил. Толку е мека и пријатна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога ставаше нужда, за час се наоѓаа на друга планина, и прескакнувајќи ги длабоките долишта и урвини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои личности како што се Вилијем Бенет (William Bennet), кој своевремено се наоѓаше на чело на кампањата против дрога, ги обвинија „интелектуалците“ поради тоа што воопшто и го покренуваат прашањето за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајка му и татко му почнаа кафето да го пијат мешано, пола-пола со наут, оти и кафе тешко се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И зошто? За ништо. Мртвите требаше да платат за ослободувањето на живите. Барем да се случеше така.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од тие причини, тие сметале дека е потребно да се стави јасно и категорично на знаење дека идејата за формирање југословенско-бугарска федерација тие "не можат да ја сметаат како алтернатива" за поширока балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во својата информација до СО2 тој нагласил дека Михајлов никогаш не бил во Италија или во Албанија, а доколку бил во Германија, таму останал само неколку дена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајка ми ми имаше речено дека тие досадни бубачки и мекушлавци во најголем број се јавувале наутро и тоа по влажните места со многу росно зеленило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само еден непроверен ишарет од душкалото Душка, не беше доволен да го убеди дека Рада се наоѓа во Америка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
321 ________________ 285 Претходно на 21 август 1944 година началникот на Поверенството на народната одбрана на НКОЈ од ГШ на НОВ и ПО на Македонија побарал да им се испратат податоци за сојузничките офицери кои се наоѓале при единиците на НОВ и ПО на Македонија. АВИИ,к.233, рег. бр. 40-4.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој сфати дека машината ги чекаше инструкциите за видот на цигарите што се бараа и го притисна копчето што се наоѓаше пред назнаката за видот на цигарите што сакаше да ги добие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се наоѓаше пред старинарницата во која го купи својот дневник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истовремено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е опседнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
До овде читателот се наоѓа во присуство на едно речиси реалистичко четиво со изострена иронија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во куќата под Широк Сокак, на неколку минути пешки од театарот, во чикмакот, се наоѓаше куќата на Јовановци.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како да се наоѓавме во земја со која сме во војна, а не во пријателска земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Градот влезе во лоша позиција се донесе законот за прохибиција алкохол тешко се наоѓаше на црно но ганџа пушеа и децата во прво
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Светлината во која се наоѓам веќе не е сина туку бела до безбојност така што се чуствувам како да сум во некој беспределен предел од изворска вода.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се наоѓаше во една ќелија која можеше да биде темна или осветлена, зашто не можеше да види ништо друго освен еден чифт очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Младичот ја изгледува собата, потоа Ивана и Фезлиев, во чии раце сѐ уште се наоѓаат револверите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Она што се наоѓа во Собата 101 е најлошото нешто на светот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа постојано изненадуваше со нова централна тема, која имаше силна моќ да извлекува од балканската сага дури и теми каде што моите мисли се наоѓаа на распаќе на дилемите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе знам дека се наоѓам на страната што губи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Може ли таа нематеријална супстанција, која нема, како телото, просторно протегање (просторност), да биде некаде просторно лоцирана во некој дел од телото?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Навистина треба да се наоѓа и тој таму.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури и да се фрли врз него во ова темничиште во кое се наоѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На работ од полето имаше брестови што се нишаа благо, а некаде зад нив се наоѓаше потокот во чии зелени вирови под врбите пливаа рипчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога тргна по неа, Винстон виде дека се наоѓаат на една природна чистинка, едно мало тревнато ритче опколено од високи млади дрвја кои целосно го затвораа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тука се наоѓа и затворот во кој постои келијата во која бил затворен Гаврило Принцип, заедно со другите атентатори од Сараево на австро-унгарскиот престолонаследник Фердинанд во 1914 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се наоѓаа во салонот на еден брод што тоне, гледајќи нагоре во него низ сѐ потемната вода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јовановци беа познати и по тоа што се занимаваа со сточарство и производство на млечни производи: во истото слепо уличе, ама од спротива се наоѓаше аурот во кој живееше добитокот на Јовановци: кравите кои понекогаш најмалиот брат на Томето – Лазе ги носеше на пасење, а најчесто момокот Васе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- „Што нѐ доведе во оваа состојба во која сега се наоѓаме?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа излезе за момент во тремот и донесе празна саксија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогај беше го проколнал старецот сиот народ што се наоѓал во нашава земја: "Ох да би Господ ве судил деца, им рекол, што ме отепавте на правина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ти се наоѓаше на брегот и со термометар ја мереше топлината на водата што излегуваше од дувалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Од утре да си сакаш друг бригадир за твојата градежна бригада, чу?!“, со растреперени вилици и како да се наоѓаш под урнатините на твоето најскапо здание, што некогаш си го градел, а тоа сега се уриваше врз тебе, врз твоите раменици, те треснуваше по твоето чело, те толчеше по рацете, по лицето, в очи а, нозете ти беа тешки, како потонати и натрупани до над колениците во тие урнатини.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можеле да се наоѓаме исто така и во некоја хотелска соба во Лондон, или било каде на друго место.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Турција е земјата што се наоѓа во најдобра географска положба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оваа шмизла која се наоѓа на неколку метра подоле од духовната „шмизла“ Мајка Тереза можеби ќе внесе малку забуна кај минувачите, но, сепак, тие знаат за што да се одлучат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Близу до Лајпциг се наоѓа Вајмар, а тој е познат по Гете. Но, и Лајпциг се гордее со Гете и секој во овој град, како знаменитост, ја покажува кафеаната каде што Гете пиел вино и го пишувал „Фауст“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во неа се лепи експрес сликичка која што ја правиш во фото-автоматите кои што се наоѓаа во ЈАТ и ете ти Феријалец!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во песната на Абориџините се наоѓа и по некоја височинка на срцето, се наоѓа и бистрина на окото, се наоѓа и по некоја птица искубан опаш како колва трошки од туѓи соништа.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Таа верува дека на оној човек што не го познава, кому не му го знае името, кој, боже прости ми, како да не е тука, сега сигурно и не е тука, таа може му ја гледа само сенката, единственото нешто дека некој негде се наоѓа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Првенецот на „Бетон“ - тоа е една осумкатница, која се наоѓа во квартот Сахсзенхаузен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Судот, со оглед на сите околности и според свое убедување ќе цени од какво значење е тоа што странката која ја држи исправата не сака да постапи според решението на судот со кое ѝ се налага да ја поднесе исправата или, противно на убедувањето на судот, одрекува дека исправата се наоѓа кај неа (чл. 218, ст.1-2 и ст.4-5 од ЗПП). 173 Х.Џ. против Охис Пласт Спор за неисплатени плати
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Блиску до играчката- воденица за мелење на жито се наоѓаше дрвена кутија обоена зелено во која го чуваше цревото за полевање за да го заштити од сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го најдов Амореецот, му реков кој ме праќа и што барам а тој ми подаде едно дрвено ковчеже, со дупки на капакот, како решето, големо колку дланка човечка, во кое се наоѓаше сподобието грозно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во пресметките што ги направив уште пред неколку денови утврдив дека тој прозорец се наоѓа на источната страна на затворот и оттаму може да се види само улицата што слегува кон мостот. Или грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кај тој Борис Степанович се наоѓаше списокот на сите Белогардејци кои се качиле на англиските бродови во Одеса.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислењето е „јавно“ на три начини: „се однесува на јавни прашања; се наоѓа во јавниот домен; и го произведува јавноста, т.е. приватните граѓани кои стапуваат во интеракција во јавната сфера“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Камерата го регистрира и точното време на задржување на одредени места.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И преминот во ангел се случи лесно, како на ембрион што се ослободува од својата извонредно нежна мембрана (иако внатрешната вода малку се наоблачи) и се испилува од кожурецот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Татко среде златарската улица му го покажа местото каде што се наоѓаше некогашната златарска работилница, кооперација, во која работеа прославени мајстори филигранџии, Албанци католици, кои со текот на времето како да одлетаа со нивните чудесни сребрени пеперутки во далечините на егзилот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие гледаа дека сум многу несреќна во околностите во кои се наоѓав, најмногу заради моите цивилизациски потреби за окружување со повисока интелектуална конфигурација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И двете веќе два месеци како да се наоѓаме во карантин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во постари времиња и градската населба, како и засебно поставеното еврејско гето, се наоѓала зад ѕидините на венетската тврдина распослана на ридот, но со тек на времето, градот, како и секој жив организам, едностано ги премавнал високите камени огради и се источил кон морскиот брег.  Во главата му се појавува сликата на рабинот Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Кога се сети дека е ноќ се насмеа со чуден глас: - Штета, беше темнина, нели? - праша и ми ја пушти раката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Членовите на Централниот комитет ретко се наоѓаат во Софија, но... ако биде воопшто можно, јас ќе сторам сѐ да успееме. А со кого сакате да се видите?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во другиот агол се наоѓаше една мала полица за книги и Винстон веќе тргна кон неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лицето кое пристапува кон тужбата, односно на кое се проширува тужбата, мора да ја прими парницата во онаа состојба во која таа се наоѓа кога тоа стапува во неа (чл. 186, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ледината на која се наоѓам ја гледам оградена со четири реки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа ни се придружи во слушањето на радиото од кое продолжуваше истиот глас: – Млади и стари козари, мајки и деца, нашата непобедива партија се наоѓа пред уште еден непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од своја страна британската воена мисија Spike барала од Force 399 да интервенира кај командантот на 48. дивизија мисиите Brasenose и Spike да останат на територијата каде што се наоѓале.291
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Царот се викал Самуил. Во Охрид имал царски дворови, кои се наоѓале крај самото сино Охридско Езеро.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа ми беше необично, а и малку незгодно таа да ми ја носи чантата, но, пред и да успеам да се заблагодарам и да одбијам, чантата веќе се наоѓаше во нејзините раце.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татковината на Албанците се наоѓа на крстопат каде што се вкрстувале интересите на Западот и Истокот, при што најмногу се вкрстувале цивилизации, култури, јазици и се разбира, религии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овој спомена едно гратче во Охајо каде таа живее до ден денес.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку што во Париз доминира Ајфеловата кула, толку доминира и една од најстарите париски цркви - „Нотр-Дам“, која се наоѓа во зародишот на оваа метропола, во „Сите“, кое е обиколено од сите страни со Сена и затоа е одвоено од Париз, но со мостовите претставува една целина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најпосле домаќините го одведоа Бургиба во еден речиси пустински предел, каде што на една вишинка се препоставуваше дека се наоѓа гробот на Ханибал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како последица на тоа просториите се зачадени, воздухот е загаден и има лоша, неподнослива миризба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За тоа е задужена викендичката у Маврово, што се наоѓа у прв ред до езеро, на сама плажа. Нова, ганц. Дефинитивно, тука е рајот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Погледот им беше устремен накај сртот на Беласица што се одразуваше на јасното небо како остра црна рецка: таму некаде во нејзиното подножје, се наоѓаат младинските бригади, нивна крајна цел.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тие прецизно одредени и забележани обврски поетот ги фрла во кошничката за ѓубре што се наоѓа под неговото биро.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Почесто се наоѓаат во форма на квадратчиња од импрегнирана хартија, со големина колку ноктот на малиот прст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се наоѓаа среде некој татнеж од кој не се бега.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Судбината на секој што се наоѓа овде е неповратно решение.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Каде се наоѓа таа - во мозокот, во крвта или во гландула пинеалис (епифизата), како што се верувало во 17-от век?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По еден месец ѝ се јави од Италија. Ѝ пишуваше дека е здрав и жив и дека со некој си другар што биле порано во интернатот, ја минал кришум границата и дека сега се наоѓа во привремен логор, во кој ќе помине извесно време, а потоа ќе замине за Америка.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа е таа кањонска разлика помеѓу нашите навидум исти цивилизации: американскиот копнеж по поседување или консумирање на сонуваниот објект подразбира стоење пред излогот во којшто објектот се наоѓа; источноевропскиот сон го подразбира истото тоа, само што не постои излог.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Требаше да се направи пауза од седум дена, па да почнеш со вториот циклус, но поради општата лоша состојба во која се наоѓаше паузата се пролонгира на дваесет дена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тетка Анѓа долго се врткаше во училиштето и упорно се бореше со немаштијата и гладот, штедејќи го брашненцето за подолги и потешки денови; чичко Петре постојано ѝ помагаше, ѝ се наоѓаше за што било и ја утешуваше дека и ова еден ден ќе помине и ќе дојде време убаво и среќно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На 5 октомври 1943 година мисијата Mulligatawny пристигнала во Црвена Вода каде се наоѓале Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и ѝ се придружиле на мисијата Monkeywrench која претходните денови пристигнала при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
•Хичкок:: „На Гари Купер му ја понудив улогата на Џоел Макреј во овој филм. Во Америка имав ужасни маки да пронајдам соодветни актери за улога во трилерите, бидејќи овде овој вид на филмови се сметаше за второстепен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така, оваа слика е некаков тип „омаж“ на полицискиот портретист којшто прави фото-робот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во втората бригада, меѓу минерите, се наоѓаше и Беличот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Остануваше со неразјадена поврвнина и под јужниот снег, имаше цврсти корени и во скочанетата земја, неговиот проник го имаше склештено сиот горен дел од пиланата, исполнувајќи ја и буката, а тој се наоѓаше загнезден и во внатрешноста на пиланата, во него беа склештени и сите делови од машинеријата, што доаѓаа во допир со водата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го прашав Филозофот каде одиме, и каде се наоѓа папокот на светот, а тој рече: во средето на земјата, оти папокот се наоѓа во средето на телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја гледаше таа разнобојна драперија и се прашуваше што се наоѓа зад неа, зад тие рајски двери.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така настанува субјективниот впечаток дека се наоѓаме среде случувањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Патеката водеше до колибата на дедо Иван, која се наоѓаше во слична долинка, каква што беше Гоговиот Валог, само што беше помала и низ неа не течеше поточе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Идејата за дрогирање со ... се наоѓаме на виртуалната стварност е апсурдна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За конкретни и познати физиономии од минатото сигурно не размислуваше (иако ѝ беа познати многу од лицата на расфрланите наоколу фотографии) додека бурињата понекои полни со вино, и поредени токму овде, каде што се наоѓа сега софата можеше да си ги замисли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше помлад човек - во доцните триесети години, претпоставувам - со лисеста брада, избричена глава и со преголеми очила со упадлива пластична рамка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Англискиот филмски режисер Питер Гринавеј (Peter Greenawey - 1942), веќе петнаесетина години несомнено се наоѓа во врвот на европскиот нов авторски филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега тој пред Татко по некогашната сорбонска одбрана, небаре се наоѓаше пред нова, балканска одбрана и вистинска рехабилитација, која не можеше да му ја донесе ниедна тогашна и идна универзитетска институција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едната се наоѓаше само еден или два метра оддалечена од него, а другата беше подалеку, во близина на вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не треба некој да ме уверува дека тоа не се одгласите на стравот, бидејќи знаев дека цепутката што го начнала лакот на бирото нема да запре каде што се наоѓа во овој момент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се случуваше, братот, педијатар, најчесто доаѓајќи за да си ја види својата мајка, да прегледа или да упати на натамошно лекување и неколку маалски деца од најсиромашните семејства кои се наоѓаа на списокот на добрината на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да се потсетиме на фактот дека не сите форми на уметничкиот вандализам го изразуваат духот на раниот Модернизам преку поучниот цитат во Њу Јорк Пост: „‘В ред, бев гладен,’ рече Brzez- inski, ‘Пиев, но ништо не бев јадел цел ден.’„ Brzezinski се наоѓаше во Cooper Галеријата за да ја види новата поставка на Роберт Гобер...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На долниот крај, токму на патот што влегува во селото Калајнево, се наоѓа чешмата на Карабеќерица.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Скапоцениот камен, верувам, дека сѐ уште се наоѓа во твојата близина зашто и последните сознанија ми го потврдија тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)