Ми се намовнува кожата, телото ми се тресе. Тешко е и претешко да легнуваш и да стануваш со опседнатоста од неуспехот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Првин, чувствувам, ми се намовнуваат рамената, па задниот дел на вратот и долниот раб на косиштето, дури потоа блеснува помислата: Па, двајца се! Кој е вистинскиот?...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сакам кога од нешто се намовнувам. Така кожата ми станува како на праска.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)