Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Метеж од муви кои се намножуваат според геометриска прогресија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Беше чудно како тој тип луѓе налик на бубалки се намножува во Министерствата: мали набиени луѓе, кои се здебелуваат уште во млади години, со куси нозе, со брзи ситни движења, и со дебели непроѕирни лица и сосем ситни очи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Скоро сите нови попови одеа со магарето (за да изгледаат сиромаси) по селата и од куќа на куќа прошетуваа — за нов поп, а селанките ги даруваа што имаа: брашно, волна, јајца, кокошки, некој побожовен чорбаџија им аризуваше по некое јагне или jape, од кои на попчето после му се правеа булучка, ако немаше и свои по стотинадвесте глави, та со испросените се намножуваа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)