Књазот и ајдутот се избациле, се заколнале пред златен светогорски крст и удриле со своите војски на страшните јаничари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кутрето се налапа попара со млеко и муцка си изми во чиничето со вода.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сега веднаш ќе му донесам, а од утре ќе се редиме“ реков.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Сите им носевме храна.“ „Леле, ама сме ќутуци! Не му донесовме да јаде. И вода не пиело.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Оддалеку, од Српско и од Влашко, од Бугарско и од Латинско, доаѓале во вилаетов голошии орлишта да се налапаат мртво крстено и некрстено месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)