Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ами ти каде вака си се накренал? — праша Андон. — Море ми, каде... Ете и јас излегу од зимата, како гушчеричките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А јас, само што ќе го спомнат и ќе ми се накрене душата, ќе ми се збурбати.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Која како ќе стане и ќе се накрене да ми врати.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дедо се накренал да го удри, а татко го фатил за рака деда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од другата одаја се накрева песна која постепено ги исушува солзите кај сите и го враќа блесокот на радоста во очите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И некој силен пламен ми се накрена. Ми го забра, ми го забради лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе тивнат малку болките и пак ќе се накренат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Народот веќе живна, се накрена, се поткрепи. 91
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се враќам и чекам дали ќе се накрене Здравко, дали ќе каже нешто благата вода. Ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)