— Другари, — се провикна тој. — Штабов наш денеска доби абер дека султанот дал башлама за сите оние востаници што немаат лично крвави злочини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така се направија два противнички табора. Четниците се насобраа и ги слушаа кавгите, та и тие се накострешија едни на други.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И погодив, Се накострешија, посинеа од јад, се назабија Оние кои постојано ме држеа на нишан.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Јас се стресов, а потоа се накострешив.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се накострешив и се исправив колку што ме поткреваше презирот и бесот, и навредата, нормално.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Во еден казан нѐ варат, - Џемал-ага се накостреши.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Црните пантери“ се накострешија. Ги стиснаа оружјата поблиску до себе и ги сплотија редовите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас, учителе напишав... Не е Јоле... Пуштете го. - Ти? - се накостреши учителот. - Да.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Бузо скокна од трапот и се накостреши како еж: - Твој ли е? - Не е.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Чанга се накостреши од овие зборови. Сакаше да го фати за гуша градоначалникот, но се смири.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Лутината му е крената високо од над очи, се накострешил и само крв гледа Дуко Вендија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)