На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таа го има оној изглед на тврдост и сериозност на некои невидни созданија, изглед над кој на човека остро му се нажалува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ми се стори како дете фатено во грев. Ми се нажали.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Малку ќе треба за да се нажалиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали ѝ се нажалило за Манол Форевски?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми се нажали и отидов во штабот да молам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Девојчето се нажали, одвај ги задржа солзите и со малото дланче ми го рамнеше стутканото листенце.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Се нажалив заради баба. Толку се нажалив - дури и нозете не ме држат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Баба беше готова да не отпатува, толку се нажали.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога сѐ беше подготвено за тргнување на пат, баба толку се нажали што очите ѝ се насолзија. „А што ќе прави малечково без мене? Како ќе се снаоѓа?“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На мајка ми ѝ се нажалило, направила голем ризик, ја симнала тепсијата од глава и стомната со вода и клекнала до неа да ѝ го извади трнот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)