се (зам.) - надомести (гл.)

Ако, пак, синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска одлука (чл. 200, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Всушност, ми изгледаше баш очајно: скуден некој начин да се надомести тоа што човек е стар, исфрустриран, женскав и очајно непривлечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па си велам: сега имаш мандолина... има време пропуштеното да се надомести.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Колку загубено време можеше да се надомести во откривањето на вистинските зборови кои можеби и го содржеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве, сега, кога можев веднаш да се запишам во мандолинскиот оркестар, си ја покажав глупоста: се занимавам со некакви афери со сликички - животинско царство и со некакви лексикони.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)