- Ајде, некој ден да се надигнеме до оние највисоки сртови на Галичица.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Одеднаш, небаре дури сега ги разбра последните зборови од кметскиот, тој се надигна и срже:
- Господине, ти не можеш... вие немате право да ме арестувате... господине...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од нив настрвна и се надигна целиот океан.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој не можеше, можеби не смееше да ги подигне очните капаци и да погледне во луѓето во салата. Се надигна од сите страни врева.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Жестоко и тешко чувство се надигнува и му ја труе душата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)