А, со нашите цврсти темели, со доблесноста, самоконтролата, разумноста во согледување на вистинската реалност, сегашната состојба и сегашните дела создаваме духовен капацитет за исполнување на човечкото срце и сила да се надвладеат празнотијата, мачината, тешкотијата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да се надвладее видливото за да му служи на невидливото – еве го живото на поетот“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Но во еден залет треба да ја прескокнам огромната далечина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секоја може да се надвладее... Само не треба да се потклекне со духот... Духот е најдобриот лек... И брана...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Требало да ја совладам далечинава зашто само така можело да се надвладее чувството на празнина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)