се (зам.) - нагости (гл.)

Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Поседе мирен една две недели, се понајаде, понапи од Трајковата ракиичка и винце во пријатно расположение со убава млада руса невеста, го дочека по вторпат Трајка од колибата, пак заедно се нагостија и напија, та дури цела ока канатларски тутун му даде да си понесе кога тргна пак на колибата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пци глутници гробиштата ги ископаа, моштите на монасите ги изглодаа, ги раскостија, со нив се нагостија. Сетне, плочите ги разградија и ги продадоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)