„Велат“, крена веѓи уште еднаш, „ти си направил цевкана да се навалува кон оваа маала“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Што беше ова?“ праша Бошко и се подзаврте, ама пред него врз коњот веќе се навалуваше погоденото тело на ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зема карамела, се навалува на седиштето, замижува, тоне, и си се чини самата во зајденоста како некоја мала птица што лета, лета, ѝ се уморуваат крилата, ѝ се уморуваат рамената, и негде пак ќе треба да се спушти за починка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И... дрвото погодено од шрапнел, прво се стресува, се навалува, миг стои, небаре размислува на која страна да падне, потоа полека - паѓа и сѐ побрзо паѓа и пред себе и околу себе собира сѐ што му стои на патот: бучи шумата, се слуша кршење, завивање и тресок.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогаш пак се замешува Максим, се навалува нанапред и зема да им објаснува: Ова е, вели, црквата со гробиштата на Рамник на Горник и вели.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)