се (зам.) - навали (гл.)

Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Една ноќ, Невена сони силен сон: Голем ветар куќата нивна ја буткаше, се навали, а од другата страна Невена со баба ѝ Трајанка ја потпираа, па така ќе ја исправеа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Стариот учител се навали на наслонот од столицата и задоволно си ја погали бујната, пробелена брада. Тој копнееше по такви одговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Целиот свој живот реб Апфелблум го посвети на обликувањето такви возвишени идеи меѓу млади луѓе од ашкенаската дијаспора.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сигурен во ефектот, тој се навали сега назад сосе столица и го гледаше малку иронично и во истото време сожаливо Коча.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Владиката поудобно се навали на миндерот, шмркна кафе и, оближувајќи ги подгорените усни, праша: - А пари, велам пари, зашто црква со пари се гради, а не со молитви и желби.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Онаму далеку, над гребенот на планината се навали сонцето и целото Деволско Поле го облеа со последните зраци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Белите хризантеми се навалија една на друга, жолтите листенца - коку што можеа - се припија кон влажната земја, а трите розови пупки замижаа од страв...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сите реки ќе проплачат, сите планини ќе се навалат, и езера ќе пресушат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мене ми се допаѓа дека од сите страни до неа се доградени соби и сопчиња, така што ако таа се погледне оддалеку, тогаш се гледаат само крововите, насадени еден на друг, што многу наликува на чинија наполнета со палачинки, или уште подобро, на габи, што растат на дрво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Впрочем, сите кровови се покриени со трска; врбата, дабот и двете јаболкници се навалија врз нив со своите широки крошни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арсо се сврте со грб кон Патрокле и се навали на рамото од Глигора кој уште спиеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се навалува пламенчето на свеќите, како да поддувнува топол ветер од градините, под црквата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со мали, невешти букви тој напиша: 4 април, 1984. Се навали во столот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се навали во столот, малку засрамен од себеси и ја остави перодршката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отидов до прозорецот. Беше отворен и јас се навалив кон небото надвор, на кое светеше големата црвена месечина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ајде побрго донесете постелата да се навалиме со побратимот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и ѝ викна на Митра: — Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го спотна оганот, се навали на перницата: — Е! Сполај му на господ: и вој ден помина, Еден по еден, ама нам ни се бележат на ќитапот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги слепи рацете дланка на дланка, се навали на колк, ги стави рацете на еден камен, се навали, за’рка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И суварки и котленце позајмив... Денес ќе ја варам лченицата... Така е адетот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако мајка му е во Прењес, кој ќе го најде писмото, нека ѝ каже. Јас, Паскал на Аргировци сум ранет...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се навали на патерицата и, одвај видливо дигајќи ја левата рака, замавна. За збогум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така, сѐ уште клечејќи, на подот ја посла црната шамија, ги рашири рацете и зареди: - Ристеее, чедо, стани, Ристеее...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Разденот го дочека без да склопи око.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица воздивна, се навали на ѕидот и наведна глава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во нив, во свежата зора се мени првичниот зрак на сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ексо!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Им кажува нешто но само тие да го слушнат а тие како да го разбрале легнуваат на грб и се грвалаат по правта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе се навали на една страна толпата и ќе се урне, ќе се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Денот веќе се навалил, небото примижува над покривите, а јас уште така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се навали на наметот со грбот и откако одмори малку, го истапчи снегот на десетина чекори од стражарското место и така отвори партина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А понекогаш потсечено, потскокнува и наместо со врвот, паѓа со потсеченото стебло и стои... или погодено во средината, се цепи и само тресокот го продолжува неговото живеење се додека не падне и кутнато не се навали врз друго стебло... А човекот?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се навалуваат на левото крило, свртуваат во полукруг, ја бијат Сува Гора и се губат зад планината Врба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се навали на својот крлук од кој не се разделуваше (дури и кога спиеше го ставаше под перница или во ровот и земјанката под глава) и се врати на излагањето на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бокалот со вода потскокна, се навали и водата се истури во скутот на командирот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка се врати во ровот. Сега ослободена од стравот, се навали на топлиот земјен ѕид, вдишува воздух, истресува земја од коса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Скрсти нозе Марко, се навали на перниците: „О, мој вели пашо! Се колнам!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Па ти си ми жена“, се навали Петре на болниот колк.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)