Најмногу страв ни влеваше легендата според која на самата граница на Езерото, длабоко во езерската вода, бдее голем подводен змеј кој се појавува секогаш кога се минува границата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но, штом се продолжи патот од романската метропола кон Плоешти,или уште подалеку, кон Синај и Брашов, пак доаѓа непрегледната рамнина, која станува здодевна,особено ако асфалтираниот пат низ овој дел на Влашко се минува во топли дни, какви што беа во оваа доцна есен.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако тој обид не успее се минува на посложената класа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се подготвувала да оди кај него, да го види, да му каже оти сега се минува границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нејсе, се доближувавме до границата. Само Гури Порадеци, семејниот побратим, знаеше добро каде се минува границата. Тука требаше најмногу да се внимава.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овие патувања се одвивале во избрани места, се минувало низ „тунели” кои воделе низ избраните рајски предели, тераси- градини на ридовите, ведри и насмеани колони работници, за да кулминира пропагандата во музеите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)