Мислата им се мајтапи и така куртулува, а оваа надворешна ѓурултија не ѝ може ништо: севдата се опнала како ластегарка и лета каде ѝ душа сака: маката пак, најтешкиот синџир, џврчнат со жежок белег, пак е само нивни и никој нема патечка до него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чаршијата ромореше за оваа случка, ама и се мајтапеше со вдовецот аџи Герасим, кому откопаната му ја величаа како ветена втора жена, која во чеизот му носи купче богат накит.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Земанек се срамеше од своето селско потекло, а градските деца го исмеваа и се мајтапеа со него. Освен јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)