Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На Арса му е тешко. Светлината од ламбичката му се мати пред очите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Иди така водата откај Вендиовци, се мати, се пени, и сѐ под себе корне и понесува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Веќе ми се мати во главата, ме тера на повраќање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Главата по малку ми се матеше поради неколкуте џина кои ги испив, па излеговме малку на воздух.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)