Некои тврдеа дека едниот паднал на место и го запретале во некој трап, другиот умрел дома, а само едниот останал жив и се лекувал негде во Битола.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кај него беше констатиран почеток на костна туберкулоза, и требаше да се лекува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Ти најди си сенка, - рече едниот - а јас ќе се лекувам овде на сонце.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Им велам дека многу се болни и треба да се лекуваат во болницата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се чисти срцето. Исцелување со изгревот. Се лекува суетата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А со тоа се лекуваат сите болести. –зборуваше тивко прабаба ми.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со години се лекуваат, но безуспешно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги слушав, брате Јоване и се лекував. Знаеше: не се излекува.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А само неколку часови пред тоа се лекуваше со сонувана шума, сонуваше високи, до сега недопрени стебла.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас дојдов да се лекувам, велам, а не да полагам испити. — Добрѐ, добрѐ, вели главниот лекар, јас ќе ве оперирам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се лекувам и држам предавања.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Елена повторно беше испратена службено во градот, каде што се наоѓаше болницата во која се лекуваше Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Па сепак, и покрај тие ситни, а чести пакости, во него преовладуваше убедувањето дека душевните болести на современиот човек не можат повеќе да се лекуваат со малограѓанска свест, со која единствено беа вооружени психијатрите од стариот ков.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Подоцна се покажа дека тоа бил редок вид слепило, такво слепило што не можеше да се лекува со носење очила.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Народот што беше оставен од Земјаните да умре од страшна болест, од еден вид лепра што не се лекува.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Григор Бакалот ми рече дека тоа се лекува и со коњски измет.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)