се (зам.) - лачи (гл.)

Долж сето лето Некоја темна боја се лачеше од земјата И светци Пеејќи темно како пред погуба Ни држае час по родопис.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)