И навистина, ние што одевме по него повеќе личевме на распердушена гускина тајфа, која тукушто се кубала со некое друго јато, отколку на спретната, секогаш спремна, скаутска младеж.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Луѓето се грабаат, се нафрлуваат, кубат од месото. А тоа живо не се кубе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се истурила кантата со измет, се истркалала меѓу нас и ние ќе се фатиме да се кубеме, да врескаме. Лудница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се кубат, се кинат и се прпелкаат во снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)