Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Живееја во една од оние улички во кои куќите се толку збутани една во друга, што комшивките знаат што манџа во чија куќа се крчка, кога се подготвува пастел, кога, бурмуелос или алхарос7.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го знам нивното маало, зашто навратував кај мајка му и носев алишта за теснења, поправки и поткусувања и како што ќе влезев во маалото ќе ме пречекаа исти гласови на две жени што везден се довикуваа: - Сара! - ќе викнеше едната - Што е Бела? - ќе прашаше другата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И биди среќен ако има место на троседот што се пушта зашто секогаш има и полошо: на пример, отоман во кујна покрај шпоретот на кој цела ноќ се крчка на тивко сарма од кисел купус во тенџере за ајвар, дека сте едно семејство, ама имате деца како од две, нели!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За разлика од неа, Америка е како некој голем казан во кој се крчка сѐ и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... а пак нејзиното небо е капак на сѐ!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)