се (зам.) - критикува (гл.)

Со тоа, жестоко се критикува идејата за секаков лингвистички пуританизам на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа насока на размислување во последно време сѐ повеќе се критикува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа реков дека деконструкцијата не може да се критикува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но таа беше бесполезна, па и опасна, не само за тие што се критикуваат, ами најпосле за тие што критикуваат: Комитетот беше сесилен; тој ги имаше во своите раце животот и смртта на сите граѓани и не примаше никаква критика на своите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да може во еден ваков текст да се зборува за актуелната ликовна сцена во Македонија, нужно се потребни некои веќе претходни теориски дистинкции на спротивставените тенденции и поетики кон кои во еден ваков текст би можело да се преземе став, било да се критикува или да се потврдува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во тој случај може да се критикува она што се движи внатре едно подрачје па затоа мора да се покори на неговите правила, а критиката е можна во моментот кога не постои покорност спрема правилата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како таква таа може да се критикува, но сѐ што прави, сѐ што вели, во таа смисла може да се критикува, доколку ја прифаќа формата на исказите што се однесуваат на одредени подрачја.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Она што може да се критикува - и тука ја акцептирам критиката и аргументацијата - е начинот како деконструкцијата интервенира во зададено подрачје на компетенција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)