Бесмислено се креваа граничните ѕидови, највисоките беа на Балканот, се градеа нови бетонски бункери, се урнуваа старите храмови на верувањето и сѐ во името на среќата на човекот!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се креваше дамна некренатата градска прашина од копитата на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како што гасот се крева и исчезнува така тавчето се празни.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој во десната рака држи запалена цигара од која се креваат думани кои толку ја загрозуваат околината што сѐ живо веќе кашла, венее и умира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Филџан кафе од кој се крева последниот страк пареа.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Од таблата се креваше лека пара. Тоа викаше: - Симиди, Симиди! Топли симиди!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Мали јата ластовици се креваа нагоре и се спуштаа, повремено зацрцорувајќи, среќни заради повторното враќање во стариот крај.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ајде, Анка! Таа тргнува напред, кофата од бунарот полека се крева преку макарата по која се лизга сајлата, Пандил сега само ја подзема, ја истура на купот, јас ја враќам мазгата назад, рикверц, по истиот правец (мене ми се падна во дел оваа работа), кофата се симнува долу, Вангел ја полни, и пак сѐ одново.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас го гледав со стегната уста. Ми се креваше косата. Беше дрзок.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Надежда ги ладеше камењата во дворот и ја прскаше земјата, од која, кога ѕирнав низ прозорецот, видов како се крева пареа, ја прскаше земјата, за да може потоа да смете.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога градиш куќа, градбата се крева, гледаш како расте пред тебе, и знаеш, макар и по многу маки, за крајот, за покривот што ќе следи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На работ од планината се крева голем пламен. На лицата го чувствуваме топлотниот удар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ме погледа со мртов поглед. „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”. „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”. „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој се прави како ништо да не го засега, а всушност сака да го заборават, да не се креваат на него нивните очи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пладнето го покрило со бледо трепетење, над кое се извишува само белиот саат; по патиштата во полето се крева прав од пазарџиите што се враќаат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Моторите веќе бучат. По малку авионот се крева во пространото небо. Мими е
уморна од патот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Птичишта некакви, неспокојни и грабливи, крескаат низ дрвјата и му отстојуваат на шумот што се крева од нашите стапалки.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Големиот океански бран ме крена угоре како што се креваат големите мераци па ме тресна на дното каде што неизоставно завршуваат големите надежи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тогаш за прв пат видов дека рефлектирачките очила се хируршки вградени, среброто мазно се креваше од високите јагодици, затворајќи ги очите во нивните дупки.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во леарниците, каде што се правеа куршуми, постојано пламтеа огнови и од оџаците се креваа јата бели, светли искри.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Водата се крева до самите пенџериња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Густо збиените на ридот куќи како да се креваа на прсти и се надвишуваа една над друга: секоја сакаше да се огледа во утринското огледало на езерото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од косматите гради му се креваше пареа. Секој дел од телото му беше напрегнат и потреперуваше од силна возбуда.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На сите страни се отвораа малите вратничиња, се тргаа заварниците од тешките, големи порти и се креваа пенџерињата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Да ѕидаш куќи и да чувствуваш како се креваат под твоите раце високо, високо и не се плашат ни од ветер, ни од дожд.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Завесата се креваше и спушташе. Во салата невидени ракоплескања. Делириум...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со радосни писоци, галебите стреловито летнаа накај сонцето, што се креваше големо и распалено над Галичица.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од бакарданот се креваше густа пара. Остриот мирис од пченкарното брашно и дразнеше изморените гладни луѓе...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ги напна мускулите на рацете, па лесно почна да се крева, допирајќи со устата до самата исчадена греда, да се спушта и одново да се крева, чувствувајќи тихо задоволство од ова себеизмачување.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На овие облачишта и на овие темничшита што изгледаат како да се стрмоглавуваат од небо, каде да се креваат кутрите ластовички. И тие страв од облакот имаат...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Поема прва, Сердарот, станува јаве, ловоров венец се крева над умна македонска глава, од грчка рака ставен.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Се креваше тоа грдо сподобие на прсти пред нас, и окото бело му светкаше, и насмевка на лицето му се јави.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа секоја буква од чудното сочинение што го донесе Филозофот лелекаше, врескаше и плачеше, како жив човек да е; и силен мирис на месо печено почна да кади низ воздухот на шумата, и мирис на коски изгорени, чадот и мирисот незнабожечки, хула ужасна, мирис на месо човеково печено дур до небо се креваше; и одеднаш, сите дванаесетмина видовме глетка ужасна, страшна: тврдите слова на едно место во огнот се збраа, па се распоредија во костур човечки, и станаа коски; а меките гласови во месо се престорија и во огнот од сите букви се сотвори човек што гори; косата му гореше, телото му гореше, коските и месото му гореа, и тој врескаше, лелекаше, и се обидуваше да излезе од пламената стихија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Крушата гордо се креваше над црвените покриви на куќите и над многубројните дрвја околу неа.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Носеше лонец од кој се креваше врела миризба на млеко.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Го замислува нејзиниот цврст акт како од големо масло над француската постела се преселува врз неа. Му се крева. ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Оркестарот почнува мелодија која очигледно сите ја знаат, рацете се креваат во транс, а палмите се нишаат сѐ побрзо и побрзо.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Прав се крева по секој направен чекор.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во занесот го гледам само модриот прстен од левата рака на продавачот, ги слушам магичните зборови и час пропаѓам или се кревам, час бладам или потпевнувам, обидувајќи се, притоа да им посочам на моите на петелот „Чуварот на сонот“ кој се така бдее и пее надвиснат над мене, и ако заклан.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По три дни, го видовме како занесено свири на свиралка изделкана од врбова гранка, чекори како да чекори кон небесата, се крева ко да го носи морско ветре и го поткрева од земјата, а по земјата, занесени од свирежот, лазеа безброј змии, со кренати глави кон свирката и кон очите на нашиот другар.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На местото кај што се кревал новиот храм се отворила длапка страшна, понор адски, во кој Господ ги собрал црвоточните тела на лажните и алчни богоумјасници, новите Вавилонци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На тоа место водата чадеше, се креваше тенка магла, како во неа да е потопено усвитено железо, како во неа да се гаснеше жарот сокриен во крвта на бикот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога се ослободи Бугарија и се усили државата на Немањиќевците, во која влезе поранешниот дел од Македонија, т.е. денешна Србија, – таа, т.е. Македонија во денешната нејзина големина уште остануваше византиска земја, каде што продолжуваа да се креваат востанија против Византија, за коишто се бараше сојуз и покровителство од соседните држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како да бил црна и злокобна птица со крвав клун. Се кревале, раснеле врз темелот на својот гнев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дуријата му останала залепена за десната шепа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од коренот на штурите ѕидишта на урнатината подѕирнуваше непозната билка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
4 Во празничната мугра во која од земјата испарувале ноќните сенки и се кревале кон разредените облачиња без движење, над мртвите ридишта останала само уште една ѕвезда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаел зошто Куно Бунгур не може да заспие: кога Фиданка Кукникова ја донела ракијата и ја оставила дружината да пие за среќа на нејзиниот протеран маж, му се насмевнала. Нему, на тој млад и чувствителен човек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од стоплениот камен видливо се креваше лилаво испарување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога се крева завесата, Саветка седи покрај огништето, позавртена кон светлото (прозорците), и плете чорапа, а Антица со метла под левата мишка стои до левиот прозорец, кој што е отворен, завртена со грб кон мајка си, ѕирка на лево и десно.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Шо се креваш толку? Кој си ти бе? Мочко еден!“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тие побудуваа особени асоцијации, болни и безбојни, што го ослободуваа од телото и тој се креваше невидлив како флуид, се лулаше на пајажините и го сеќаваше грубото допирање на таванот и рапавата кора на палмата, вклештена во прозорецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кожата ми се крева до под колена и ме чеша, ме јаде под завојот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А низ село, кокошки разбегуваат околу мене, подлетнуваат, кракаат и пердуви им се креваат наугоре и прав се крева наугоре, а јас само трчам и пак си мислам дека соништата не кажуваат ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кроце по кроце, се крева лисникот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кревај, кревај, не се крева, тежината нејзина голема. Црева ќе ми искине. А женска сила за на носила.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се крева земја, камења, пушки, човечки партали и сѐ паѓа наоколу.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Може вака, треба да угасне племето наше, велиме ние и гледаме надолу кон чадот што се крева зад буките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нозете не се креваат, а сон ме надолува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Околу нас се крева прашина, думани прашина се крева и не затскрива. И сѐ така, тукуречи до шумата. До Зајгазица. Кај изворчето. Таму подзапираме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И само се сложува снегот, се реди, се крева нагоре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бам, бум, се крева земја, камења, чад. Од чадот ништо не се гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој конечно се определи за следните најкарактеристични заемени глаголи во балканските јазици: бастиса, преткажува, претресува од турски bastisa; егглендисува, се забавува, се занимава од турски еlrnmrk; ендиса, победи, надигра од турски endisa; есапи од турски hesap etmek; заптисува, задржува од турски zapt etmek, се инаети од турски inat etmek; кабардисува, се крева на големо од турски kabaramak; казандисува, заработува од турски kazanmak; курдисува, поставува, мести, отвора, навива од турски kurmak; ујдисува, средува од турски uydurmak.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски помалку маки си имаше да ги утврди во листата заемените заменки, чиј број е мошне ограничен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ми пријде таткото на девојчето што плачеше и ми вели: Остани овде во селото да ги учиш како се меси леб од ’ржано брашно.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тие го ставале во фурната како тиганици и никогаш не се кревал многу.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Џинот му се креваше од стомакот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Диктатурата не се воспоставува за да се заштити револуцијата; револуцијата се крева за да се воспостави диктатура.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Градите ѝ се креваа бавно и рамномерно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше врева од која се стегаа забите и се крева косата на тилот. Омразата почнуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден километар подалеку, Министерството на вистината, неговото работно место, се креваше високо пространо и бело, над невеселиот пејзаж.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На куси интервали, гневот на толпата зовираше и гласот на говорникот се губеше во дивото, животинско рикање што се креваше неконтролирано од илјадници грла.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Или ќе биде победена однадвор, или управува толку неефикасно што масите се креваат на бунт, или дозволува да се формира силна и незадоволна средна група, или пак ја губи самодовербата и желбата да владее.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мирисот што се креваше од чанчето беше толку силен и возбудлив, што го затворија прозорецот, за да не го почувствува некој однадвор па да стане љубопитен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон лежеше молчејќи. Неговите гради се креваа и се спуштаа малку побрзо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Калево е наоколу обиколено со длабок канал изѕидан од делкан камен, а дрвениот мост, кога ќе затреба, се крева на чекрек и така станува заштита пред портата. Умно смислено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Како животот, столчен, одново да се кревал и да се обликувал.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Биењето на камбаната и воспевот на Воскресение Христово се крева високо кон ѕвезденото небо.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Го гледав низ прозорецот од спалната сонцето што се креваше зад планината како пламен да излегува од земјата, како огромен вулкан да избил и тоа повторно ме возбудуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во убаво време пареата се крева нагоре и се губи во небото, а во матно, дождливо време, пареата се спушта над селото, налегнува по дворовите, куќите, и им го гнети на луѓето во носот својот смрдеж.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Од длабочината на просторијата се крева некој глас Кој вреска?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се свртува на другата страна и писнува па од нејзиниот вресок неколку глави се креваат над веленцата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
КОСТАДИН: Што, Симке?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седат, пијат и замислено пеат).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
По Ѓурговден иде бачило, света Никола летни кога се креваат овците в планина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А тој пак, иако „голем човек-ќатип“ на целата витолишка општина, во „френцки“ алишта облечен, не се срамеше и не се креваше наголемо, како некои селани што се беа пограѓаниле, та сметаа за простоталак да свират на гајда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токму тука се креваше најголемиот балкански ѕид на стравот и на проклетствата, ѕидот на апсурдот и на глупоста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Колоната по патот се зголемуваше со луѓе од другите села и се слушаше сѐ поголем рикот на добитокот и се креваше поголема прашина по патот; колоната често се прекинуваше, застануваа луѓето да се напијат вода на изворите крај патот, да го напојат добитокот и да се одморат, да се разладат од јулската жештина , која потпалувајќи го воздухот, им правеше трептежи пред очите; ставаа на главите лисја од лопушки, гранки, 'ржаница за да ги заштитат главите од сонцето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И езерото зафатено од некоја возбуда, се креваше, се разбрануваше, ја заплускуваше карпата под манастирот и се разлеваше екот како пукање на салви.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Да не се крева многу високо, за да не падне, но и не да се спушта премногу, за да не се изгуби правецот на движењето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Границата се креваше како дел на големиот балкански ѕид. Ни птица да го надлета.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На друмот се креваше прав и чад. - Леле, синко, отидовме! - пиштеше мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Пловидба
којзнае дали корените на флората
се изворите на езерото
дали билките ткаат космички страсти
во твоите очи или на разбој
дали се опоравува љубовта
кога едриме
дали сме тоа ние
изненадени од гостопримството
на сонцето
дали преоѓаме еден во друг
и гинеме ли
изненадени
не се креваат облаците
и нискиот притисок
со небото од исти работи боледуваме
никогаш нема да го разбереме
знакот на пловидбата
будни како извори
носиме студена струја
струја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Погледот му се искачуваше долж огромната разбранета маса на океанот што се креваше и спушташе рамномерно, и големата сребрена круша, што се полнеше со блескави воздушни струи исфрлани од пламеникот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Уште недоречено, се крева силно квичење. Квичење до зла бога!
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Училницата оѕвиваше: се креваше и се спушташе хорскиот глас на курсистите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пламенот се креваше од куќите, одблеснуваше по лицето од луѓето. Одблеснуваше и на восочното лице од сликарот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кревалката е да крева оловни товари од душата како што соколот се крева кога ќе здогледа лично моме.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тревата - сосем спржена од жешкото лето, ама прав не се креваше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
МИХАЈЛО: Те вика! (Одеднаш ги губи крилата. Султана се враќа назад зад фреската која се затвора, златната позадина се крева горе, сцената е иста како на почетокот.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога ништо не е во ред, а не се крева малиот прст ситуацијата да се поправи и во тоа дури и се наоѓа задоволство.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
По пет векови како да се креваше големиот отомански камен под кој живуркале, се бореле, опстојувале многу различни народи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Колку повеќе ја гледам, мене толку повеќе, што се вели, ми се крева да простиш – косата. И како што ме дал господ...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Влезниот ходник не беше послан туку беше гола земја врз којашто право кон катот се креваа дрвените скали со подјадени скалила.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Уште пред да почне да се топи снегот една коњска запрега ја донесе неговата тајфа и нивните пљачки и така почна да се крева уште една врвца чад врз фестивална.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ми се крева кожата и ми се собира, ми се стегаат крвните садови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се креваат од земјата, се искачуваат кон небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И срцето се крева, подлетнува, жерав ми станало...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не ти се крева рака, што се вели, не ти носи душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Прскаат искри, се креваат светулки од земјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пареата од устите им се крева кон небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се кревам, а надвор — цут, цут — сѐ е побелено околу пругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им се крева само здивот, магличавата воздишка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од секаде јата пилишта се креваат над нас и, онака, оддалеку нѐ гледаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И наеднаш ми фркнува нешто, ми се крева раката. Бљад!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кркори и некоја пареа се крева.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се крева пареа над јадењата, мислиш се смее трпезата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сум заборавила како се оди меѓу слободни луѓе: како се држат рацете, како се крева погледот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А глувците само се дујат и растат, се креваат ко гнасна сапуница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Му ги кршат носот и вратот, му ги дупат очите, му ја двојат главата од телото, се креваат думани прав.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, уште на скали ме запираат, гледам колку високо се креваат нивните очни клепки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И сѐ така: еден се губи зад ридовите, а друг веќе се крева и нѐ брка ко зајаци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Над секоја чинија се крева по една нестварна грмушка од пареа и се губи во ладниот воздух.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Почнаа и мене да ми се креваат солзи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некои крајчиња од земјата ми се креваат на небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Му се креваат мустаќите над носот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со нови сили Ластовицата замавнуваше со крилјата и се креваше високо, до облаците.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Во близина пискаа локомотиви, татнеа вагони, се креваа пареа и чад...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)