Уште при средбата со него во Долнец, забележав дека во него се кошкаат еден опсесивен собирач на голи факти и еден љубопитен посматрач на туѓите судбини, полн со емпатија.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Двете деца, Пела и Доне, седеа долу, на рогозината и се кошкаа, врсници, а Доне, машала, на мајка му, уште еден бој врз момичката на Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Да не се селаните кои често ни се селат в град, оти законите нешто станаа помеки, да не се тие, ќерко, простите селани што ја зачувале верата и јазикот, алот ќе ни е за никаде. Затоа многу да не се кошкаме едни со други.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)